Останато
МФ: Усвоени законските измени за државна гарантна шема и за основање фондови за развој на стопанството


Министерството за финансии на својот Фејсбук профил објави дека се усвоени измените и дополнувањата на Законот за Македонска банка, со што се овозможува спроведување на државната гарантна шема која е дел од четвртиот пакет антикризни мерки и Стратегијата за заздравување и забрзан економски раст- #SmartERGrowth, како и можноста Развојна банка да формира фондови за поддршка на развојот на стопанството.
Како што посочуваат од Министерството, државната гарантна шема ќе се реализира преку формирање на гарантен фонд во рамки на Развојната банка, кој ќе издава гаранции за кредити за бизниси кај комерцијалните банки. Иницијалните средства за фондот се 10 милиони евра, кои се обезбедени со вториот ребаланс на буџетот и со нив ќе се гарантираат кредити во износ неколкукратно повисок од фондот.
Со овие законски измени, како што наведуваат од Министерството, се олеснува пристапот до кредити за микро, мали и средни компании, се поддржува приватниот сектор со преземање на дел од кредитниот ризик, се подобруваат условите за колатерал по кредити од деловните банки на оние компании кои што имаат потреба од дополнително финансирање и финансиско обезбедување и се олеснува пристапот до капитал и финансирање проекти преку развојните фондови.
„Државната гарантна шема и фондовите ќе играат значајна улога за внесување на ликвидност во стопанството во време на Ковид-19 кризата, но и на среден рок, како постојан механизам за пристап до капитал за микро, малите и средни компании кој воедно ќе придонесе за зголемена финансиска инклузија на овие компании”, наведува Министерството во статусот на Фејсбук.
Останато
Лагард: Да се регулира тргувањето со биткоинот поради перење пари


Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, повика на глобално регулирање на трговијата со биткоин, наведувајќи дека оваа дигитална валута во некои случаи се користи за активности за перење пари и дека е потребно да се затворат сите „дупки“ во регулативата, пренесува „Reuters“. (more…)
Криптовалути
Биткоинот повторно достигна вредност од близу 40.000 американски долари


Вредноста на биткоинот повторно се искачи на близу 40 илјади американски долари. (more…)
Останато
Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева ги повика владите во светот да трошат што е можно повеќе


Креаторите на политики ширум светот треба желно да прифаќаат зголемување на трошоците за да помогнат во заживување на нивните погодени економии, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Гергиева на годишниот руски економски форум „Гајдар”. (more…)
- Домашни банкипред 2 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 1 month
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 1 month
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Анализипред 2 months
Кои се најплатените професии во земјава?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје