Connect with us

Останато

МФ: Силна поддршка за малите и средни фирми со „Програмата за економски реформи 2019-2021“

Објавено

на

Подобрување на деловното окружување, зголемување на конкурентноста, намалување на невработеноста и создавање инклузивно општество, предвидува „Програмата за економски реформи 2019-2021“, инфромираат од Министерството за финансии.

Во Министерството за финансии беше одржан работен состанок помеѓу институциите кои ги спроведуваат реформите, невладиниот сектор и експертската јавност. Финалниот документ Владата има обврска да го достави до Европската комисија до 31 јануари 2019 година, соопштија од МФ.

„Според последниот Извештај, Македонија има постигнато најголем успех во имплементацијата на препораките дадени претходната година во мај. Исто така, нотирано е дека земјата сериозно ја подобрила својата оценка во споредба со минатата година.

Целосно се исполнети препораките кои се однесуваат на усвојување на Програмата за реформи во управувањето со јавните финансии и поставеноста на монетарната политика. Значително исполнување е нотирано кај препораките кои се однесуваат на зголемена фискална транспарентност, користење на ЕНЕР, унапредување на стручното образование преку воведување на модел на дуално образование. Сепак, се уште имаме предизвици кои треба да ги надминеме, не само за да ја подобриме оценката, туку за да ја подобриме економијата и животниот стандард на населението“, се вели во соопштението на министерството за финансии.

Оттаму додаваат дека во новата програма од особено значење се меркитте за малите и средни компании.
„Тие се насочени кон зголемување на конкурентноста, поддршка на иновациите, усвојување на повисоки стандарди за квалитет, производство со поголема додадена вредност и поврзување на домашните со странските компании. Во тек се и измени на Законот за јавни набавки кои ќе обезбедат примена на принципот „најдобра вредност за парите“ и ќе овозможат почитување на принципите на ЕУ за транспарентност и конкурентност“, се додава во соопштението.

Владата, како што посочија од МФ посветува особено внимание и на справување со сивата економија.

„Годинава се усвои и Стратегијата за формализирање на неформалната економија, како и Акциски план, со конкретни активности, носители и рокови. Се работи и на ново законско решение инспекцискиот надзор, што покрај сивата економија, беше нотирано исто како проблем од страна на бизнис заедницата. Во тек се активности за измени на Законот за судови, што треба да придонесе за подобрување на процесот на решавање на стопанските спорови“, стои во соопштението.

Значајни реформи се предвидени и во делот на образованието и социјалната заштита и инклузијата.

„Во делот на образованието, ќе се настојувада се зголемува практичната работа во образовниот систем, да се подобрат капацитетите на образовниот кадар и да се зголеми соработката помеѓу образовните институции и фирмите. Ќе продолжи со спроведување мерката „Гаранција за млади“, која треба да им овозможи на младите побрзо вклучување на пазарот на труд по завршување на образованието. Во областа на социјална заштита и инклузија, во тек е сеопфатна реформа на системите за социјална и детска заштита. Целта на Владата е намалување на сиромаштијата на 16 % до 2021 година“, стои во соопштението на МФ.

Останато

Арсовска со висока награда во Дубровник: „Трите К“ – најголем предизвик за претприемачите

Објавено

на

Сојузот на стопански комори (ССК) учествува на 6. Регионален самит на претприемачи кој на високо ниво се одржува во Дубровник, Хрватска. Претседателот на ССК, Данела Арсовска,  учествува на панел сесијата посветена на улогата на деловните организации во развој на претприемништвото  на национално ниво и предизвиците со кои претприемачите се соочуваат. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Градежна комора: Растот на трошоците го диктира растот  на цената на квалитетните станови

Објавено

на

Градежната комора на Македонија информира дека трендот на пораст на трошоците за градежни материјали, но и за вработените во градежните компании се случува во континуитет. Последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) само ја потврдуваат состојбата и покажуваат дека трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во четвриот квартал од минатата година во однос на тој квартал од претходната година, се повисоки за 5,9 отсто, трошоците за материјали се повисоки за 3,2 отсто и трошоците за вработените се повисоки за 13 отсто. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории

Објавено

на

Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории е предвидено во работната верзија на Законот за платежни услуги и платни системи што го подготвува Министерството за финансии во соработка со Народна банка, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишување на Меморандум за финансиска инклузија.

“Работната верзија предвидува сметката со основни функции да биде бесплатна за ранливите категории, односно по закон ќе добијат бесплатни услуги за отворање, водење сметка, уплати и исплати. За останатите потрошувачи, платежната сметка со основни функции ќе биде со разумен надоместок. Ќе напоменам, дека за да се отвори сметката, граѓаните не треба да поседуваат друга сметка со основни функции на свое име, како и дека на оваа сметка нема да можат да одат во минус”, изјави министерот за финансии Тевдовски.

Исто така, се воведуваат решенија во Законот за платежни услуги и платни системи, што ќе доведат до либерализација на пазарот на платежни услуги. Ова ќе придонесе за засилена конкуренција и нови, иновативни начини на плаќање, лесно достапни и со помали трошоци, рече Тевдовски.

Тевдовски посочи дека ова е првиот чекор кон поголема финансиска инклузија, што предвидува сите да имаат пристап до финансиски услуги и тоа на лесно достапен, безбеден начин и под прифатливи цени.

“Придобивките од финансиската инклузија се повисок раст на БДП и помала доходовна нееднаквост. Анализите на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека преку обезбедување на пристап до сметки, кредити, за жените, за ранливите категории, се овозможува побрз и поинклузивен економски раст. Друга придобивка од финансиската инклузија е дека таа привлекува повеќе луѓе во формалниот сектор, што во фискалниот дел значи повеќе приходи во буџетот. Повеќе приходи во буџетот пак значат подобро здравство, образование, инфраструктура и други јавни услуги”, рече Тевдовски.

Финансиската едукација е исто така значаен инпут во финансиската инклузија, рече министерот за финансии. Тој ги повика заинтересирани училишта кои би сакале да организираат посети за учениците на Министерството за финансии или да им се организираат предавања во училиштата, да се пријават на маилот edukacija@finance.gov.mk.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange