Connect with us

Останато

МФ: Се зајакнуваат капацитетите на финансиската полиција

Објавено

на

Во собраниска процедура влегоа предлог измените на Законот за финансиска полиција. Со измените се воведуваат независни механизми за контрола на работата на лицата со полициски овластувања.

Ова е во согласност со новите измени на Законот за јавно обвинителство со кои е предвидено да се формира ново Одделение за истражување и гонење на кривични дела во рамки на ОЈО.

Одделението ќе истражува дела сторени од лица со полициски овластувања.  Оваа одредба има за цел да обезбеди непристрасност и објективност во постапувањето во случаи кога постои сомнение дека се сторени кривични дела од страна на лицата со полициски овластувања, образложи МФ Тевдовски во експозето.

Со измените на законот се зајакнуваат и надлежностите на директорот на Финанската полиција.

Ќе се воведе и приправнички стаж за овластените службени лица,  по кој ќе полагаат стручен испит. Со ова се постигнува обезбедување на професионално, политички неутрално и непристрасно работење на овластени службени лица при нивното вработување.  Пред потпишување на договор за работа службениците ќе подлежат и на безбедносна проверка.

Останато

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ

Објавено

на

На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП РАЗВИ МОДУЛ ЗА АВТОМАТСКИ ПОВРАТ НА ДАНОЦИ

Објавено

на

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во придружба на Министерот за финансии, Драган Тевдовски, разговараа за реализираните проекти и реформите на УЈП во изминатата година како и за активностите на коишто Управата за јавни приходи ќе се посвети во текот на 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Значајно подобрена борбата против финансискиот криминал

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, оствари работна средба со директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Директорот информира дека во 2018 година Управата поднела вкупно 74 кривични пријави за дела со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 3 милијарди денари. Ова е значително повеќе во споредба со 2016 година кога била поднесена 41 кривична пријава со што е нанесена штета на Буџетот на РМ во износ од 293 милиони денари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange