Connect with us

Останато

МФ: Пониски увозни давачки за домашните компании, намалени царинските стапки на 258 суровини

Објавено

на

Трајно се намалуваат или укинуваат царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали што ќе значи намалени увозни давачки за домашните компании. Ова се овозможува со измените и дополнувањата на Законот за царинска тарифа кои беа усвоени од Собранието, а на кој Министерството за финансии работеше минатата година во консултации со бизнис-заедницата.

Со укинувањето на тарифите, според министерот за финансии Фатмир Бесими, се намалуваат трошоците за производство со што се влијае на зајакнување на конкурентноста на македонската економија.

Со овој Закон, смета Бесими, се придонесува кон подобрување на конкурентноста на домашните компании, поголема атрактивност на земјата кон привлекувањето на нови компании со странски капитал од различни стопански сектори, проширување на производството на постојните капацитети на домашни и странски компании, како и зголемување на вработеноста.

Според Бесими, значајна поддршка на домашните компании и индустријата за намалување на трошоците на производство дополнително се прави и со укинувањето на царинската стапка за природен гас, што е предвидено со ова законско решение. Истовремено, во услови на енергетска криза, со законот, се дава и придонес кон поголема ценовна стабилност на овој енергенс, а се поттикнува и промена на користењето на енергенсите кон енергенси кои помалку загадуваат.

„Со намалувањето на царинските стапки на суровини или репроматеријали кои се користат во технолошко напредното производство, исто така директно ќе се помогне во секторите на автомобилската, метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија, кои во 2020 и 2021 година забележаа сериозен пад во индустриското производство. Во услови на пандемија и отежнато работење на компаниите од преработувачката индустрија, намалувањето на царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали ќе ги олесни условите за работење на овие компании и ќе овозможи да се зголеми нивната конкурентност на пазарот”, велат од Министерството за финансии.

Со Законот се опфатени суровини и производи кои не се произведуваат во земјата и се набавуваат од увоз, а нивните царински стапки при увозот се значајно повисоки во однос на царинските стапки на овие производи во Европската унија. Со намалувањето на увозните давачки – царинските стапки, висината ќе се приближи кон царинските стапки што се применуваат во Европската унија, што значи ќе се овозможи подобрување на конкурентноста на домашните компании и поголема атрактивност на земјата кон привлекувањето нови компании со странски капитал од различни стопански сектори.

„Со донесување на овој Закон се реализира Програмата на Влада, како и Мерката 17 од петтиот сет економски мерки за ревитализација на економијата во услови на Ковид-19, која се однесува на тоа да се намалат царинските стапки на ниво на Европската унија за најприоритетните стоки кои како суровини и репроматеријали се користат во преработувачка индустрија”, посочуваат од Министерството за финансии.

Останато

ЛЕСНО Е КОГА ИМАШ ИЗОБИЛСТВО НА ЗЛАТО – Гана набавката на нафта ќе ја плаќа во злато наместо во долари

Објавено

на

Владата на Гана работи на план да купува нафта со плаќање во злато наместо со долари, објави на Фејсбук, потпретседателот на државата Махамуду Бавумиа. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечна плата во септември изнесувала 32.553 денари

Објавено

на

Просечната исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава изнесувала 32.553 денари и е за 12,8 проценти повисока од истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бундесбанк: Германското стопанство зимава ќе влезе во рецесија

Објавено

на

Германското стопанство ќе западне во рецесија во зимската половина од годината, по неочекуваното зголемување на активноста во летниот квартал, предупреди Централната банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно