Connect with us

Останато

МФ: Повеќе поволности за граѓаните со новиот закон за акцизи

Објавено

на

Министерството за финансии подготвува Предлог-закон за акцизите чија цел е усогласување со европското законодавство и подобрување и промена на системските решенија поврзани со акцизите.

„Целта на Предлог-законот е усогласување со директивите на Европската Унија од областа на акцизите. Воедно, во Предлог-законот се предлагаат нови системски решенија кои ќе стапат во сила со денот на применување на Предлог-законот, модифицирани системски решенија во однос на постојниот Закон за акцизите кои ќе стапат во сила со денот на примена на Предлог-законот, како и нови системски решенија кои ќе се применуваат со влез на Република Македонија во ЕУ“, посочуваат од Министерството за финансии.

Со новиот закон, образложуваат од Министерството, предвидени се повеќе поволности, како што се пониските акцизи за малите произведувачи на алкохол. Со новиот Закон за акцизи, малите дестилерии ќе плаќаат 50% од полната акцизата по литар алкохол, а земјоделците мали производители – 8,5% од полната акциза по литар алкохол. Кај големите производители на алкохол акцизата останува иста.

Дополнително, со новиот Закон за акцизи се овозможува увоз и пуштање во промет на нови тутунски производи, како несогорливиот тутун, кои граѓаните не можеа да ги набават во нашата земја, па ги набавуваа од странство.

Понатаму, се предвидува акцизата за тутунските производи и алкохолните пијалаци да се плаќа со пуштање во промет на производот. Досега акцизата се плаќаше однапред, со подигањето на акцизните марки.

Заради следење на увозот и извозот на струјата, природниот гас, јагленот, коксот и лигнитот, овие производи стануваат акцизни добра со новиот закон, со тоа што нивната акциза се одредува на 0%. Ова значи дека нема да има промени во цената на овие производи поради новиот Закон за акцизи.

Останато

Стопанска комора: Поквалитетно формално образование и без предрасуди кон средното стручно

Објавено

на

Да се зголеми квалитетот на формалното образование, а неформалното да овозможи побрзо приспособување кон барањата и потребите на пазарот на трудот, апелира Стопанската комора на Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Преку веб-платформата „Граѓански буџет“, граѓаните ќе имаат увид во Буџетот на РМ

Објавено

на

Буџетот на Република Македонија станува уште подостапен до граѓаните преку веб-платформата изработена од победниците на ФинХакатонот. Како што беше истакнато денеска на прес-конференција во Министерството за финансии, граѓаните ќе ги дели само еден клик до сите информации за приходите и расходите во буџетот. На овој начин буџетот ќе им стане подостапен на граѓаните. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Исправни се мерките за одржливоста на пензиите, социјалната еднаквост и поддршка на вработеноста

Објавено

на

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд која го одржа завршниот состанок во Министерството за финансии, оценува дека е исправно што Предлог-буџетот за 2019 година е фокусиран на оддржливоста на пензискиот систем, промовирањето на социјалната еднаквост и поддршката на вработеноста. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange