Connect with us

Странски банки

МФ: Наесен фирмите ќе можат да ги користат парите од ЕИБ

Објавено

на

Наесен 100-те милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка ќе им станат достапни на малите и средни претпријатија. Министерството за финансии изготви Закон за гаранција, кој ќе се најде денес на владина седница, по што ќе биде доставен до Собранието на РМ.

Откако Собранието ќе го усвои законот, ќе се потпише договор помеѓу Европската инвестициска банка и Македонската банка за поддршка на развојот, како и Министерството за финансии во својство на гарант на заемот. Со потпишување на договорот 100-те милиони евра ќе станат достапни за малите и средни претпријатија.

Македонската банка за поддршка на развојот ќе ја пласира оваа кредитна линија преку деловните банки, како посредници до крајните корисници. Со ова ќе се обезбеди свеж капитал за малите и средни претпријатија, ќе се поддржат нови проекти, нови вработувања, ќе се зголеми ликвидноста во стопанството и ќе се зголеми извозот.

Странски банки

Акциите на словенечката НЛБ се прикажани на берзите во Љубљана и Лондон

Објавено

на

Со котација на акции на берзата, постапката за јавна понуда на акциите на НЛБ е завршена. Банката сега е во голема мера дисперзирана и државата има контролен удел. Во процесот на јавна продажба, државата продала 11.818.181 или 59,1% од сите акции на НЛБ по цена од 51,5 евра. Со воведувањето на специјалната опција за стабилизација, уделот може да се зголеми на 65%, а средствата за државата да достигнат 669,5 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Раст, иновации и предизвици на банкарскиот сектор во Обединетите Арапски Емирати

Објавено

на

Обединетите Арапски Емирати забележаа постојан економски раст во последните шест години. Годишниот раст на домашниот производ од 2010 година е на ниво од 4,4%, со кулминација во 2012 година кога се забележува раст од 7,2%. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Франција бара од швајцарска банка 1,6 милијарди евра отштета поради перење пари

Објавено

на

Француската држава, странка во судскиот процес против големата швајцарска банка УБС во Париз, побара „отштета од 1,6 милијарди евра“ за да го санкционира големиот „систем за измама и перење пари“.

(more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange