Останато
МФ и МАНУ склучија Меморандум за соработка: Заеднички ќе се работи на активности што ќе го поттикнат економскиот раст


Министерството за финансии и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) склучија Меморандум за соработка со цел унапредување на системот на јавните финансии и спроведување активности насочени кон поттикнување на економскиот раст и развој. Меморандумот беше потпишан од страна на министерот за финансии, Фатмир Бесими и претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев.
„Постигнувањето на планираните цели ќе се реализира преку организирање и вршење научни истражувања, чии научни резултати би се примениле во делот на унапредување на јавните финансии, пазарното стопанство, претприемништвото и конкурентноста и за промовирање добри бизнис-практики. Понатаму, ќе се вршат анализи и научни истражувања во различни области од заеднички интерес коишто треба да резултираат со креирање поволни услови за водење бизнис, поттикнување на економскиот раст и стабилно и предвидливо бизнис окружување“, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими на потпишувањето на Меморандумот.
Воедно, соработката ќе овозможи подобрување и развивање практика на дијалог при креирање на макроекономската и развојната политика, притоа водејќи се од резултатите од фундаменталните, применетите и развојните научни истражувања од таа област.
„Во годините што доаѓаат, МАНУ, што е можно повеќе, ќе ги поддржува и зајакнува фундаменталните, применетите и развојните истражувања во економските науки, а со цел да се зголеми советодавната функција на МАНУ.
Преку низата натамошни заеднички активности, МАНУ и Министерството за финансии, со помош на научната мисла, ќе придонесат за напредокот на македонската економија“, истакна претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев.
Министерството за финансии, заедно со МАНУ, ќе учествува во изработка на стратешки микро и макроекономски аналитички согледувања и научни истражувања. Воедно, двете институции заеднички ќе работат на вмрежување и работа во национални и меѓународни мрежи, на спроведување заеднички иницијативи за вршење научни анализи и истражувања за користа од успешно имплементирање на европските политики и регулативи, како и на други активности чија крајна цел е поттикнување на економскиот раст и развој.
Останато
Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти


Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)
Останато
Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари


И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје