Connect with us

Останато

МФ дел од „Глобалната недела на пари“: Поголема финансиска писменост – подобри финансиски одлуки и економски развој

Објавено

на

Подобрувањето на финансиската едукација е од големо значење за економскиот развој на една земја, бидејќи колку финансиски пописмено е населението – толку подобри финансиски одлуки се носат, велат од Министерството за финансии и посочуават дека како член на меѓуресорското тело за финансиска едукација, во континуитет преку различни активности делуваат во насока на подигање на финансиската писменост.

Во рамки на меѓународната кампања „Глобална недела на пари“, која се одржуваше неделава, претставници на МФ одржаа повеќе онлајн предавања за високо, средно и основно образование.

Министерот за финансии Фатмир Бесими се приклучи кон кампањата со свое предавање за Буџетот – неговите функции и извршување, кое го одржа пред студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа. Бесими посочи дека буџетот ги одразува владините политики и оти има за цел да придонесе во општествениот и економски развој на земјата. Овогодинешниот буџет, посочи министерот, се осврнува на три приоритети – здравјето на граѓаните, економскиот раст и институционални реформи во насока на евроатланските интеграции.

„Глобалната недела на пари“ е годишна кампања за подигнување на свеста за значењето на финансиската писменост и едукација. Таа е организирана од Меѓународната мрежа на ОЕЦД за финансиско образование (ОЕЦД / ИНФЕ), во која членува и нашата земја преку меѓуресорското Тело за финансиска едукација составено од Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување.

Во рамки на „Глобалната недела на пари“, организациите (јавни, приватни и непрофитни) низ целиот свет, организираат свои настани, како: предавања, активности на Интернет, натпревари за цртање, фотографии, есеи и видео, работилници за онлајн финансиско образование, и други активности. Иницијативата е покрената од 2012 година и оттогаш константно се зголемува бројот на земјите кои учествуваат. Оваа година „Глобалната недела на пари“ се организира под мотото „Грижи се за себе, грижи се за своите пари“.

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ќе се издава граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

Објавено

на

Министерството за финансии планира во јуни да издаде граѓанска обврзница со рок од две години и со примамлива камата. Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, новиот финансиски инструмент ќе им овозможи на граѓаните да купат обврзница од минимум 10.000 денари, а со цел развој на финансикиот пазар. (more…)

Продолжи со читање

Популарно