Останато
МФ: Во буџетот за 2021 година остварени 15,3 отсто повеќе приходи од 2020-та

Во Буџетот во 2021 година е остварена реализација на вкупните приходи за 15,3 проценти повеќе во споредба со 2020 година, додека кај капиталните расходи е забележан раст на реализацијата од 45,2 проценти во однос со 2020 година. Натфрлање на планираното е забележано кај приходите од даноци и придонеси за 2%, додека дефицитот е реализиран во износ од 38,8 милијарди денари или 5,4 проценти од БДП што е понизок од проектираниот за 2021 година од 6,5 проценти од БДП.
„Испративме година која ја завршивме со позитивни движења во економијата, иако се уште беше присутно влијанието од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид 19, притисокот врз цените на светските берзи што се чувствуваше и во нашата економија, како и енергетската криза”, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.
Според него, мерките и севкупните спроведени политики придонесоа 2021 година да заврши со економски раст од 4,1 проценти, согласно проекцијата за раст на БДП, но и со можност да се надмине.
„Економијата во првите девет месеца од 2021 година достигна раст од 4,6 проценти. Индустриското производство во ноември забележа раст од 4,7 проценти, извозот во периодот јануaри-октомври има раст од 22,8%, финалната потрошувачка раст од 4,5 проценти, бруто-инвестициите забележаа реален раст од 3,4% во првите девет месеци, невработеноста падна на историски најниско ниво од 15,7 проценти, додека просечната нето плата исплатена во октомври забележа раст од 4,5 отсто во однос на октомври претходната година. Овие движења се рефлектираа во успешната реализација на проектираните приходи во буџетот, така што во 2021 година имаме натфрлување во реализација на даночните приходи и придонесите кои заклучно со 31 декември достигнаа ниво од 102 процента од планираното со ребалансот во јуни 2021 година, кога истите беа ревидирани нагоре во однос на почетниот Буџет, и тоа за пет отсто даночните приходи, а за 1,3 проценти придонесите”, истакнува Бесими.
Министерот додава и дека приходите од даноци и придонеси во 2021 година имаат реализација од 196.309 милиони денари што е зголемување за 13,2 проценти во споредба со 2020 година.
„Кај даночните приходи најголемо натфрлување има кај ДДВ од 7,3 проценти или остварена е реализација на ниво од 107,3 проценти, односно по овој основ во буџетот се слеани 58.194 милиони денари. Од персонален данок на доход слеани се 20.552 милиони денари и реализиран е со 98,86 отсто од планираното. Кај ДДВ има 24,1 проценти повеќе остварени средства во однос на 2020 година, додека кај персоналниот данок на доход има раст од 10,3%”, посочува Бесими.
Вкупните расходи се реализирани на ниво од 257.353 милиони денари или 95,87 проценти од планираното и бележат раст од 5,7 проценти во споредба со 2020 година. Кај капиталните инвестиции во 2021 година се бележи повисока реализација за 45,2%, односно, во 2021 година реализацијата на капиталните инвестиции е на ниво од 23,4 милијарди денари што претставува реализација на 79 проценти во однос на планираните средства. Значајно е, дополнува Бесими, што реализираните инвестиции во 2021 година се на највисоко ниво во апсолутен износ.
„Ова дава оптимизам за реализирање големи капитални проекти планирани во Планот за забрзан економски раст 2022-2026, но и реализација на планираните капитални инвестиции во 2022 година кои се на историски највисоко ниво досега со учество од 14 отсто во вкупните расходи”, подвлекува министерот.
Капиталните расходи оваа година се проектирани на 38,2 милијарда денари и се за 28,3 проценти повеќе во споредба со 2021 година.
„Предвидени се крупни јавни инвестициски зафати во областите на патната и железничката инфраструктура, дигитализацијата, енергетиката, како и зелениот развој. Меѓу позначајните проекти се изградбата на автопатот на Коридорот 8, изградба и рехабилитација на железничката инфраструктура од коридорите 8 и 10, гасоводна инфраструктура на магистралните делници Скопје – Тетово, Гостивар – Кичево, Свети Николе – Велес, како и интерконективен гасовод со Република Грција и други. Во 2022 година останува посветеноста на грижата за заштита на здравјето на граѓаните, економското заздравување и забрзување на растот и зголемување на инвестициите при истовремена фискална консолидација, непречено финансирање на основните функции на државата, како и поддршка на реформските процеси во правосудството и евроатлантските интеграции”, напоменува Бесими.
Сите политики оваа година, потенцира, ќе бидат насочени кон постигнување стапка на БДП која ќе го надмине нивото од пред КОВИД-кризата.
„Растот на БДП е проектиран на ниво од 4,6 проценти, воден од порастот на бруто-инвестициите од 8,5 проценти, зголемена извозна активност од 8,1%, зголемена потрошувачка и вработеност со по 3,1 проценти, што ќе доведе до целосно заздравување на економијата и започнување период на забрзан раст од над пет проценти годишно”, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими.
Останато
„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)
Останато
Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје