Connect with us

Останато

МФ: Воведување даночен календар за подобро бизнис окружување

Објавено

на

Преку воведување на даночен календар бизнис заедницата ќе ги знае промените во даночната сфера најмалку шест месеци пред истите да се спроведат. На овој начин ќе се обезбеди поголема даночна предвидливост, а тоа значи и подобро бизнис опкружување, се наведува во објава на Фејсбук профилот на Министерството за финансии.

Согласно изјава на министерот за финансии Фатмир Бесими од средба со Стопанската комора на Македонија даночниот календар ќе овозможи бизнис-заедницата да ги знае даночните промени најмалку шест месеци пред да се случат.

Бесими посочи дека може да има исклучоци, потреба за брзи акции – како во случајот со ковид-кризата, но истакна дека ќе се постави систем и механизми за транспарентно и навремено информирање.

„Инаку зголемувањето на даночната предвидливост беше наведена како една од целите и приоритетите на Министерството за финансии во следниот четиригодишен период. Министерот за финансии тогаш најави даночни поволности кај персоналецот за ИТ индустрија и за повеќе категории на стопанственици, како занаетчии, извозно ориентирани и земјоделци преку нов закон за ДДВ. Исто така најави и подигнување на прагот за ДДВ-обврзник од 2 на 3 милиони денари, како и намалување на парафискалните давачки за 75 проценти”, наведува МФ.

Останато

ИОРРМ преку видео конференција успешно организираше електронско изборно собрание

Објавено

на

На 16ти октомври 2020 година се одржа изборното собрание на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ), за првпат во целосно дигитална форма. Во време на неизвесност и отежнати услови заради пандемијата на COVID-19, ИОРРМ одлучи 27-та седница на Собранието на ИОРРМ да се одржи во форма на видео-конференција, пред се поради заштита на здравјето на членовите и вработените на ИОРРМ.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Што направи виртуелниот експерт Славчо од А1 Македонија за 30 дена?

Објавено

на

Виртуелениот експерт Славчо е чет-бот кој разбира и зборува македонски јазик. Со него можете да комуницирате на кирилица или латиница. Комуникацијата со Славчо е целосно бесплатна, a со него можете да разговарате на веб страницата на А1 Македонија или преку апликациите Viber и . (more…)

Продолжи со читање

Останато

Шпанските банки виновни за “хаосот” во Барселона?

Објавено

на

Фото: AS

Хаосот во Барселона повторно продолжува откако играчите ја отфрлија молбата на раководството за намалување на платите, обелоденија медиумите во Каталонија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно