Домашни банки
Музичката ѕвезда Влатко Стефановски е новиот бренд-амбасадор на Шпаркасе Банка


Шпаркасе Банка со гордост го најавува започнувањето на соработката со Влатко Стефановски, еден од омилените музичари на македонската и на балканската публика. Во рамките на своите заложби за општествена одговорност и иновативно претприемништво, банката планира соработката со Стефановски да биде насочена кон поддршка на младите луѓе и целокупната уметничка сцена во државава. Оваа соработка е составен дел од пошироката регионална кампања „Верувај во себе“ што ја спроведуваат членките на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе.
„Предводени од нашиот корпоративен слоган ‘Верувај во себе’, ние цврсто веруваме дека за постигнување успех, клучно е да верувате во себе, во своите квалитети и моќта да ги менувате работите. Веруваме во храбри и посветени луѓе, кои целат кон повисоки вредности и ги поместуваат границите, па токму затоа го одбравме Влатко Стефановски за наш бренд-амбасадор.
Тој за нас е синоним за личност со воодушевувачки талент и квалитет, посветен професионалец и музичар што отсекогаш верувал во себе и во својот сон. Сметаме дека токму Влатко идеално ќе ја пренесе нашата силна порака кон младите луѓе да веруваат во себе, во своите креативни способности и потенцијали, постојано да се надоградуваат и да учествуваат во значајни проекти за македонската уметност и култура.
Банката и натаму останува силно посветена на визијата да биде водечка банка по квалитетот на услуга, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените, но истовремено продолжуваме да инвестираме во заедницата, во културата и во иновативните идеи што го движат бизнисот напред. Веруваме во нашите клиенти и во потенцијалот на нивните идеи“, изјави Санел Кустурица, претседател на Управниот Oдбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.
„За презентирање на сопствените идеи, потребни се умешност и храброст. Нема лесни победи, упорноста и вербата во себе се клучни. Во оваа пригода би сакал да изразам благодарност до тимот на Шпаркасе Банка за укажаната доверба, драго ми е што во мене препознале талент, истрајност и успех. Пред нас стојат многу концерти и проекти, и верувам дека заеднички ќе уживаме во нивната реализација. Се надевам на успешна соработка на обострано задоволство“, изјави Влатко Стефановски, новиот бренд-амбасадор на Шпаркасе Банка АД Скопје.
Со соработката со Влатко Стефановски, Шпаркасе Банка го означува почетокот на пошироката кампања „Верувај во себе“ и настаните што подоцна ќе следуваат во рамките на платформата „Шпаркасе Life“, чија цел е поддршка на иновативни проекти, поединци и групи што ја движат заедницата напред и активности поврзани со екологијата, образованието, спортот, здравството, како и ранливите и маргинализираните групи.
Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.
Депозити
Колку заштедивте летово? Сега е моментот – 2% фиксна каматна стапка за орочени депозити во ПроКредит Банка


Летната сезона е момент кога сакаме да се релаксираме, кога трошоците ни се предвидени за уживање, но секогаш е добредојдено да испланирате и сигурна заштеда за иднината! (more…)
Домашни банки
„Поетска ноќ во Велестово“ по 34-ти пат со поддршка од Комерцијална банка


Комерцијална банка е долгогодишен пријател и поддржувач на македонското културно творештво со цел не само негово промовирање, туку и негување и создавање идни културни дејци. Во духот на оваа општествено одговорна мисија, Банката и оваа година го поддржа одржувањето на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово”. (more…)
Домашни банки
„За повеќе детски насмевки“ – нова заедничка соработка на Шпаркасе Банка и СОС Детско село


По повод 19 август – Светскиот ден на хуманоста, Шпаркасе Банка ја најавува новата соработка со својот долгогодишен партнер – СОС Детско село и заедничката кампања под мотото „За повеќе детски насмевки“, која ја пренесува силната порака за моќта на поврзувањето и градењето силни врски на доверба и поддршка, кои му се потребни на секое дете за да прерасне во силна индивидуа. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје