Connect with us

НБРМ

Музејот на Народната банка повторно отворен за посетители

Објавено

на

Музејот на Народната банка на Република Северна Македонија повторно е отворен за посетители од понеделник до петок, помеѓу 9 и 15 часот, а влезот е слободен.

Во интервју за независната платформа Умно.мк, раководителката на Музејот, Катерина Христовска вели дека и покрај ограничувањата и протоколите воведени поради коронавирусот, посетителите успеваат да одвојат време и да го посетат Музејот.

„Во оваа, јубилејна дваесетта година од нејзиното постоење, тоа е добра и одважна порака, не само спроти пандемијата, туку и во врска и со многу други состојби имплицирани од „духот на нашето време“. Придобивање на интересот на поединецот за музеите е навистина важен успех насреде оваа огромна продукција на информации, кои сè почесто конзумерски вреват, а сè помалку звучат”, вели Христовска.

Посетата на Музејот е во времетраење од 30 минути, а достапни се и групни посети со претходно задолжително закажување.

НБРМ

14. конференција за плаќањата и платежната инфраструктура: Дигиталната трансформација дава просперитетна иднина на нови иновативни методи на плаќања

Објавено

на

„Процесот на дигитална трансформација на финансиската индустрија, којшто се одвива повеќе години, значително забрза заради пандемијата. Плаќањата сè повеќе стануваат безготовински. Според Светската банка, во глобални рамки, две третини од возрасното население врши дигитални плаќања, притоа 95% во развиените економии, а 57% во економиите во развој. Трендот на сè поголема дигитализација е присутен и кај нас, поточно 74% од возрасните вршат дигитални плаќања. Анкетата на Народната банка покажува дека нашиот банкарски систем посветува сè поголемо внимание на инвестирањето во нови технологии и обезбедувањето нови начини на плаќање“, посочи гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на отворањето на Конференцијата за плаќањата и пазарна инфраструктура којашто започна денеска во виртуелен формат. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Утре започнува 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура

Објавено

на

Народната банка на Република Северна Македонија и Централната банка на Холандија по четиринаесетти пат ја организираат Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура, со што продолжува традицијата за отворена и плодна дискусија за предизвиците и можностите коишто ги носи глобалниот бран на дигитализацијата за финансиските услуги. Годинава, 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура на тема: „Просперитетна иднина на дигиталните плаќања“, ќе се одржи во виртуелен формат, на 4 и 5 октомври 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Централните банки се фокусирани на одржување на ценовната стабилност

Објавено

на

„Во услови на изразени инфлациски притисоци централните банки мора да останат фокусирани на својата примарна цел, а тоа е среднорочната ценовна стабилност, што без никакво сомневање бара нормализирање на монетарната политика. Секако, при нормализирањето на монетарната политика централните банки водат сметка за ефектите врз економскиот раст и стабилноста на финансискиот систем“ – беше посочено од гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, која присуствуваше на Самитот на министри за финансии, гувернери на централни банки и директори на даночни управи, насловен „Финансиска и монетарна стабилност на регионот во услови на изразени геополитички ризици“, кој се одржа во Црна Гора. (more…)

Продолжи со читање

Популарно