Connect with us

Останато

МТСП: Во тек е етапната исплата на мајските пензии

Објавено

на

Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е етапната исплата на мајските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.05.2021 година (среда);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.05.2021 година (четврток);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.05.2021 година (петок);
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.05.2021 година (понеделник).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денес (26-ти мај). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

Од МТСП апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Од МТСП потсетуваат на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.

Останато

Евростат: БДП на еврозоната зголемен за два проценти во однос на првиот квартал

Објавено

на

Според првата проценка на статистичката служба на ЕУ објавена претходната недела, бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната се зголеми за два проценти во периодот од април до јуни во споредба со првиот квартал годинава. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Поштите на Србија и Северна Македонија потпишаа Протокол за деловна соработка во рамките на „Отворен Балкан”

Објавено

на

Директорите на Поштите на Србија и Северна Македонија, Зоран Ѓорѓевиќ и Јани Макрадули во Белград потпишаа Протокол за деловна соработка, во рамки на иницијативата „Отворен Балкан”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Донесен ребалансот на Буџетот, повеќе финансии за поддршка на стопанството и граѓаните

Објавено

на

Собранието во текот на вчерашниот ден со 56 гласови „за” и 37 „против”, го донесе ребаланост на Буџетот за 2021 година. За ребалансот се гласаше на петтиот ден од расправата во законодавниот дом. (more…)

Продолжи со читање

Популарно