Connect with us

Колумни

Моќта на убедувањето

Објавено

на

Дали сте знаеле дека доколку на некого му подадете топол пијалок, многу е поверојатно дека тие ќе се однесуваат многу попријатно и попријателски со вас? 

Или дека доколку кратко ја допрете личноста која ја каните на состанот, шансите да добиете потврден одговор двојно ви се зголемуваат?

Убедувањето може да биде “зезната” игра. Доколку сакате да бидете поуспешни во исто, во продолжение ви даваме неколку психолошки “финти” кои би можеле да бидат добар почеток:

Дадете пред да примите.

Без разлика дали се работи за примерок, комплимент, совет…  Истражувањата покажуваат дека шансите за да купат нешто се зголемуваат за 42% доколку купувачите добијат мал чоколаден подарок при влегување во продавниците.

Покажете дека се грижите.

Абрахам Линколн рекол: ”Доколку сакаш да го добиеш човекот да ти служи, прво мора да го убедиш дека си негов искрен пријател”. Велиме ДА на луѓе кои ни се допаѓаат. И ни се допаѓаат луѓе на кои ние им се допаѓаме. Пред да направите било штом секогаш покажете дека сте внимателни и грижливи.

Направете го јавно.

Ланец на ресторани ја зголеми својата продажба на една од своите порции со “етикетирање” дека истата е најпопуларна на менито. Луѓето го следат она што гледаат дека останатите го прават. Колку повеќе истакнете дека пошироката јавност го прави она што сакате некој да го направи , толку поубедливи ќе бидете.

Лимитирајте го она што го имате.

Голем супер маркет речиси ја зголеми продажбата на седум различни производи со лимитирање на количината која купувачот можел да ја купи. Луѓето сакаат повеќе од она што е лимитирано. Направете ограничување во бројот и производот направете го достапен само до одреден датум – и имате добра причина за истото.

Демонстрирајте експертиза.

Една студија покажала дека кога група луѓе добиле совет на одредена тема, тие го следеле истиот без воопшто самите да размислат за проблемот. Кога овластено лице зборува , луѓето најчесто се посветени , слушаат и го следат. Секогаш е добра идеа да го покажете вашето знаење во областа за која што зборувате.

Колумни

2020 година – Во фокусот на Проектниот менаџмент

Објавено

на

Степенот на реализација на капиталните инвестиции коишто се однесуваат на проекти од јавен интерес го активира алармот за максимално придржување кон проектните параметри од страна на сите инволвирани субјекти коишто работат на проектите финансирани од државниот буџет. Неприфатливо е да нема целосна реализација на капитални инвестициски проекти од јавен интерес. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Како Blockchain технологијата може да го промени функционирањето на банките

Објавено

на

Blockchain е поларизирачка технологија – некои луѓе тврдат дека сето тоа е моментално и нема случаи на вистинска употреба; додека други се убедени дека тоа радикално ќе придонесе за револуционизирање во одредени области на бизнисот. За многумина, blockchain првично беше синоним за Bitcoin и други криптовалути. Сепак, во изминатите две години, голем број од оние кои коментираа, сега се будат од фактот дека blockchain технологијата може да се подреди за да се подобри функционирањето на одредени деловни функции. Еден од тие случаи на употреба е користење blockchain за подобрување на режимите за усогласеност со KYC / AML. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Како перењето на пари влијае врз економиите на земјите?

Објавено

на

Голем број на економски анализи укажуваат на заклучок дека силните институции за финансирање во земјите во развој – како што се банките и небанкарските финансиски институции – се едни од клучните елементи за економскиот раст. Таквите институции овозможуваат концентрација на капиталните ресурси од домашните заштеди – па дури и средства од странство – и ефикасно распределување на таквите ресурси за инвестициски проекти што создаваат одржлив економски развој. (more…)

Продолжи со читање

Популарно