Connect with us

Осигурување

Мој миленик – нов пакет на пазарот од Триглав Осигурување

Објавено

на

Триглав Осигурување воведува нов пакет на пазарот, Мој миленик, наменет за осигурување на кучиња. Пакетот обезбедува лекување на милениците и осигурување од ризиците смрт од болест и од несреќен случај. Триглав, во рамките на пакетот, бесплатно го вклучува и MyKi уредот за следење, како дополнителна алатка за што подобра безбедност на милениците.

Пакетот Мој миленик е наменет за сопствениците, чии кучиња се чипирани  и вклучува лекување на миленикот, со покритие до 6 000 денари, како и осигурување во случај на смрт од болест и од незгода, со покритие до 30 000 денари. Пакетот дополнително го вклучува и MyKi уредот за следење на милениците, со чија помош, клиентите, преку своите мобилни уреди, во секое време имаат увид каде се наоѓаат нивните миленици. Апликацијата и уредот нудат можност за одредување на безбедна зона на движење на кучето и сигнализирање во случај кога кучето ќе ја напушти таа зона. MyKi уредот овозможува и праќање команди, што секако го олеснува процесот на дресирање на миленикот. MyKi Pet услугата ја обезбедува А1.

„Наш приоритет е да бидеме вистински партнер на нашите клиенти и да ги заштитиме најважните аспекти од нивниот живот. Триглав нуди голем избор на осигурителни производи, коишто се развиваат и дополнуваат согласно потребите на клиентите.  Домашните миленици се дел од семејството, го збогатуваат нашиот живот и секако сакаме да ги заштитиме. Промотивниот пакет Мој миленик е една токму таква алатка, којашто го штити миленикот, и, покрај осигурувањето, обезбедува и уред за следење на милениците, како дополнителен бенефит за клиентите сопственици на миленици. Услугата MyKi Pet ја обезбедуваме благодарение на соработката со нашиот партнер А1, со кој што најдовме заедничка цел во фокусот на клиентите, којшто подразбира задоволување на нивните потреби и поквалитетен живот”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор г-дин Ѓорѓе Војновиќ.

Осигурување

Вложувањата во неживотно осигурување надминаа 10 милијарди денари, продажбата на полиси зголемена за 16%

Објавено

на

Осигурениците и осигурителните компании лани склучија над 1,71 милиони договори за осигурување вредни над 10,5 милијарди денари. Најпопуларно меѓу сите неживотни осигурувања останува приватното здравствено осигурување кое три години по ред има најголем раст на продажба. Од сите доброволни класи и понатаму најмногу се вложува во осигурување имот. Најголемо учество во вкупната продажба и минатата година има задолжителното осигурување од автомобилска одговорност. Од сите 11 компании за неживотно осигурување дури десет друштва лани бележат раст на приходите од продажба на осигурителни полиси. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Осигурениците наплатија 71 милион евра, осигурителните компании исплатија над 100.000 штети

Објавено

на

Осигурителните компании исплатија 30 отсто повеќе пари за штети покриени со осигурување лани во споредба со претходната година. Најголем број штети се исплатени за покривање медицински трошоци покриени со дополнително здравствено осигурување, а од сите класи доброволно осигурување најмногу средства се исплатени за штети покриени со осигурување имот. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

КАСИЧКА, детско осигурување со штедење на Триглав Осигурување Живот – нов производ за заштита и сигурност на децата

Објавено

на

Грижата за семејството е главната причина која не наведува да донесеме одлука за обезбедување на сигурност без несакани потешкотии во иднина. Финансиската стабилност на нашите деца е можеби една од најважните сегменти при сечие размислување, па поседувањето на полиса за осигурување на живот која би го намалило ризикот при несакани тешки финансиски последици на родителите го прави производот Касичка вистински заштитник за сигурна иднина. (more…)

Продолжи со читање

Популарно