Останато
Московската берза е делумно отворена во екот на западните санкции


Московската берза денеска делумно беше отворена, првпат од 25 февруари, ден по почетокот на руската инвазија врз Украина.
Тргувањето со обврзници и акции на рускиот финансиски пазар беше прекинато бидејќи акциите се намалија за 33 отсто. Меѓународните санкции се чувствуваат во руската економија, а некои трговски центри веќе ја ограничуваат продажбата на основните прехранбени производи, како што се сол и масло.
Московската берза повторно е отворена денеска во 13 часот по локално време и тоа само за обврзници издадени од руската Влада.
Во тргувањето пред отворањето на берзата, приносите на државните обврзници се зголемија за речиси 20 отсто – најмногу досега, а потоа благо паднаа.
Повисоките приноси значат дека Владата ќе мора да плати повеќе за позајмување пари и да покаже дека инвестирањето е поризично.
Утринава еден долар изнесуваше 104,83 рубљи, што изгуби една четвртина од вредноста од почетокот на инвазијата.
Света Рамачандран, менаџерка за односи со инвеститори во Гам инвестментс, изјави за „BBC” дека локалните Руси ќе го почувствуваат влијанието на продажбата на акции во наредните недели, кога практично нема да има странски инвестиции.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје