Connect with us

Домашни банки

Можност за купување македонски акции без трошоци преку ТТК Банка АД Скопје на „Инвеститорски ден“ на 18 септември

Објавено

на

На 18 септември, сите домашни физички лица ќе можат да тргуваат со акции на Берзата, без плаќање трансакциски трошоци.

По повод одбележувањето 25 години од основачкото собрание на Македонска Берза АД Скопје, Берзата иницира одржување т.н. „Инвеститорски ден“ што ќе се одржи на 18-ти овој месец.

Во рамките на „Инвеститорскиот ден“, сите домашни физички лица ќе можат да купат или продадат акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци, односно без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што се вклучени во оваа иницијатива.

При тоа ќе треба да бидат исполнети следните услови: инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот; износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен; и трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.

Иницијативата „Инвеститорски ден“ има за цел промовирање уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување од страна нанаселението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонската Берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава.

Се планира овој настан да стане традиција на македонскиот пазар на хартии од вредност и да продолжи да се организира редовно и во иднина.

Во согласност со решението на Комисијата за хартии од вредност, ТТК Банка АД Скопје настапува како овластен учесник на пазарот на капитал од 2003 година. Тргувањето се извршува во регистрираните простории на Одделот за работа со хартии од вредност на Банката во Скопје, а налози од клиенти се примаат во сите филијали и експозитури на Банката ширум Републиката.

Во соработка со овластените брокери на Банката, инвеститорите имаат можност да го креираат деловното портфолио и да го реализираат планот за инвестирање.

За повеќе информации заинтересираните инвеститори можат да се обратат во експозитурите и филијалите на Банката, или пак во Одделот за работа со хартии од вредност на Банката, на телефонскиот број 02/32 47 000 локал 495 и 496.

Домашни банки

Пензиите ќе се исплаќаат од 27-ми октомври

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на денешната 13-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и притоа го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.10.2020 година (понеделник) (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за нова локација на банкомат на Централна кооперативна Банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека е поставен нов банкомат на следната локација: во просториите на локалот Шкорпион 13, бул. “Маршал Тито” бр. 79, Куманово. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје прва банка од регионот која се вклучува на глобалната коалиција „Прајслес Планет“ (Priceless Planet) на Mastercard за зачувување на животната средина

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје, како компанија чија стратегија за општествено одговорно делување се темели на подигнување на еколошката свест, од 20 октомври склучува партнерство со големата глобална иницијатива на Mastercard, наречена „Прајслес Планет“ (Priceless Planet), чија цел е преку својата широка коалиција да обедини повеќе бизниси и потрошувачи од целиот свет за поддршка во засадување 100 милиони дрвја, но и да инспирира колективни акции за решавање на климатските промени. (more…)

Продолжи со читање

Популарно