Connect with us

Останато

Можноста за ексклузивен тренинг од проф. д-р. Сем Вакнин во Скопје подостапна како никогаш досега

Објавено

на

Асоцијацијата на менаџери на Македонија со гордост го најавува ексклузивниот тренинг за бихејвиористички техники на продажба со  проф. д-р. Сем Вакнин. Тој за сите заинтересирани ќе биде во Скопје на 24 ноември 2018 година. Ова е ексклузивна можност за ониe кои се заинтересирани да ги трансформираат техниките на продажба и односите со клиенти, од човекот кој е најдобар во светот.

Тренингот на проф. д-р. Сем Вакнин ќе трае 6 часа и ќе има за цел да достигне „Експлодирање во продажбата“, што е воедно и носечкиот наслов на самиот настан. Од Вакнин присутните ќе може да научат револуционерни техники за продажба. Тој е и професор по психологија на Федералниот Јужен Универзитет во Ростов на Дон во Русија и професор по финансии и психологија во SIAS-CIAPS (Центар за меѓународни напредни и професионални студии). Како автор на книгите „Малигно самољубие: Навраќање на нарцисизмот“ и „По дождот – Како Западот го изгуби Истокот“ тој го придобива вниманието на цел свет и затоа за неговата работа има 7 меѓународни документарни филмови. Со над 20 милиони прегледи на YouTube и цитати во најпрестижните академски списанија како Psychology Today тој има остварено многу во сферата на психологијата и психијатријата. Затоа има интервјуа за CNN, New–York Times, Forbes, Financial Times, Prague Post, Sunday Times, Newsweek (Serbia), Flare, Vice, More Magazine, New-York Post, Washington Post, USA Today, UPI, NY Daily News, CNN-Oprah.com, Canadian TV, Metro Newspapers, Washington Times, Radio-Television Suisse (RTS), New Statesman, The Telegraph, MovieBETA, Oberösterreichische Nachrichten, и други. Повеќе за него може да се најде и на следниот линк.

Како член на повеќе од 12 меѓународни организациони одбори за конференции по психологија и психијатрија и како уредник во академски списанија, проф. д-р. Сем Вакнин има одржано стотици тренинзи и настани. Сепак, најуникатниот, кој е воедно и единствен во светот, ќе го реализира во Македонија. За повеќе информации како да се стане дел од ова исклучително искуство може да се контактира Асоцијација на менаџери на Македонија на info@amm.com.mk.

 

Криптовалути

„Coinbase“ се сели во Даблин порди Brexit

Објавено

на

„Coinbase“, една од најголемите американски платформи за размена на криптовалути, го проширува европското присуство, отворајќи канцеларија во Даблин, бидејќи неизвесноста околу „Brexit“ продолжува да ги принудува компаниите да создаваат планови со кои ќе ги заштитат нивните бизниси при непредвидени околности. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Влијанието на вештачката интелигенција врз криптовалутите

Објавено

на

Неодамна, компанијата IBM започна со истражување на тема криптовалути и блокчејн технолофија, што јасно зборува за важноста која една од водечките светски компании им придава на оваа тема. Познат е систем на вештачката интелигенција развиен од IBM под името Watson и кој имал своја примена во различни области. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Македонија на 84. место во Извештајот за глобалната конкурентност

Објавено

на

Македонија е рангирана на 84. место во Извештајот за глобалната конкурентност што го изработува Светскиот економски форум. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange