Connect with us

Анализи

Модел за корпоративен успех: Учета – Дузлевска на Триглав Живот му донесе трократно зголемување на пазарниот удел во една година

Објавено

на

Изминативе години сме соочени со негативни влијанија и последици предизвикани од пандемската криза, кои го отежнаа работењето на голем број економски сектори, и на кои осигурувањето не остана имуно. Иако осигурителниот сектор бележи раст од 15%, генерално во изминатата година, со скоро подеднаков процентуален раст и во неживотните осигурувања и во осигурувањето живот, сепак во најголем дел тоа е тој резултат e последица на намалената активност на секторот во изминатите две години и заздравувањето во 2021 година.

Според прелиминарно објавените податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2021 година, растот во доменот на неживотните осигурувања од 1,3 милијарди денари е доминантен од задолжителната класа на автоодговорност, а се забележува и раст кај осигурувањето имот и здравственото осигурување. Агенцијата неодамна објави и дека над 180.000 граѓани во 2021 година вложиле во полиса за приватно здравствено осигурување, а повеќе од 23.000 го искористиле правото за покривање на трошоци од ова осигурување, што секако е добар тренд кој укажува на развој на оваа доброволна класа на осигурување.

Сите 11 компании за неживотно осигурување оствариле раст на премијата за осигурување, иако доаѓа до редистрибуција на уделот на пазарот кај првите Топ 5 компании на пазарот. Така, Уника Осигурување и Халк Осигурување ги поместуваат своите пазарни позиции за две места погоре во однос на 2020 година, со значителен раст на премијата за осигурување и кај двете компании. Халк Осигурување бележи и најголем пораст на исплатените штети на пазарот, што веруваме дека е резултат на брзиот раст на оваа компанија во изминатите неколку години.

Додека пак кај осигурувањето живот е забележан раст од 261 милион денари, но вредно за потенцирање е дека ова е раст доминантно направен од една компанија, Триглав Осигурување Живот, чиј пораст од 136 милиони денари за една година ги прави достојни за да ги погледнеме како светла точка на секторот во минатата година.

Оваа компанија во текот на годината објавуваше неколку клучни стратешки соработки од редот на Топ 4 најголеми македонски банки во земјата, но објави и склучување на еден од најголемите договори за животно осигурување склучен на пазарот, со вредност над 80 милиони денари. Ваквата динамика им донесе дури трократно зголемување на пазарниот удел во однос на 2020 година, што секако е, меѓу другото, резултат на долгогодишното искуство и докажан успех на нивната прва дама, која го презеде управувањето непосредно пред почетокот на 2021 година.

Останува да видиме како последните случувања ќе се одразат на пазарот за осигурување во земјава и дали и оваа година минатогодишните предводници на растот ќе ја задржат динамиката. За здрав осигурителен сектор секако дека е потребно константност на растот и финансиска стабилност на сите компании на пазарот. Ние очекуваме дека трендот на пораст на незадолжителните класи, пред сѐ, на животното, здравственото и осигурувањето имот ќе продолжи, и тоа со позасилена динамика во однос на задолжителната автоодговорност.

Анализи

ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година

Објавено

на

Податоците од направената анализа на Банкарство.мк покажуваат дека во 2022 година водечките три домашни банки (Стопанска банка АД – Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка Скопје) оствариле добивка од 7.199 милиони денари или 117 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Поевтинува услугата плаќање со картичка во продавница – ќе плаќаат ли трговците пониски провизии кон банките?

Објавено

на

Ќе се намалат провизиите што ги плаќаат трговците кон банките кога граѓаните во продажната мрежа плаќаат со картичка!? Новиот Закон за платежни услуги и платни системи им наложи на банките и на другите платежни институции од 01 јануари 2023 година да ги сведат заменските надоместоци што се пресметуваат и наплатуваат меѓу давателите на платежни услуги на максимум 0,2% од вредноста на извршената трансакција со дебитна картичка и на максимум 0,3% од вредноста на трансакцијата со кредитна картичка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Македонците месечно трошат 900 денари на дигитални услуги!

Објавено

на

Дигиталната трансформација постојано создава нови трендови, од начинот на кој ги примаме информациите, стекнуваме нови вештини, комуницираме, ги организираме нашите дневни состаноци, до тоа како го поминуваме слободното време. (more…)

Продолжи со читање

Популарно