Connect with us

Останато

Мобингот предизвик или сериозна закана за работникот?

Објавено

на

Психичкото вознемирување на работното место (мобинг) станува појава на новиот милениум, која може да биде или предизвик и животно искуство што ќе ни помогне да одиме напред или опасност што може да биде надвор од нашата контрола и да стане сериозна закана по нашето физичко и ментално здравје и да влијае врз семејната хармонија, продуктивноста и квалитетот на работата.

Мобингот како широко распространета негативна појава бара сериозен пристап од сите институции во државата, со цел да се обезбедат правни и општествени услови и претпоставки за негово намалување и спречување. Особено е значајно да се оспособат сите лица во работната средина за препознавање на облиците на вознемирување и начинот и постапката за спречување и заштита од оваа појава.

Сојузот на синдикатите на Македонија е еден од значајните субјекти што со своите стратегии за дејствување особено е заинтересиран за обезбедување здрави и безбедни услови за работа на работниците, вклучувајќи ги тука и активностите како застапник на правата и интересите на своето членство, за препознавање на мобингот и заштита од ваквото негативно однесување и преземање мерки за ублажување или избегнување на последиците по здравјето и достоинството на работниците.

Што вели статистиката на ССМ

Во Сојузот на синдикатите на Македонија во текот на 2013 година се евидентирани осум обраќања од работници, во 2014 седум обраќања, во 2015 година имало три обраќања, а во 2016 година имало само едно обраќање врз оваа основа.

Карактеристично, според ССМ, е тоа што во 2017 година и во првата половина од 2018 година до Синдикатот немало обраќања на нивни членови врз основа на вознемирување на работното место.

Правната служба на ССМ на работниците кои им се обратиле им давала совети и упатства, во некои случаи се изготвени обраќања до работодавецот и до лицето кое е посочено како вршител на вознемирувањето, а во три случаи се изготвени тужби.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија велат дека во еден случај е водена судска постапка, која е негативно завршена. Во дел од случаите проблемите се надминати спогодбено по пат на разговор и советување со учество и посредништво и на синдикалните претставници на ССМ.

Во Македонија првата пресуда за мобинг е донесена во 2016 година

Првата пресуда за мобинг во Македонија е донесена во 2016 година. Тужителот е лице вработено во институција од јавниот сектор, каде што бил подложен на психолошко вознемирување – мобинг. Судот наложува тужените да престанат со психичкото вознемирување на работното место на тужителот и да овозможат соодветно вреднување на неговата работа, велат од Македонското задружение на млади правници.

Тужителот бил жртва на мобинг правен со повеќе дејства и од страна на повеќе лица. Мобингот му бил правен така што не му бил даван годишен одмор и, за разлика од другите работници, тој не можел да го оствари тоа право. Бил ставен во изолација, не му биле давани работни задачи, а еден период не му бил даван ниту електронски пристап до информации ниту, пак, бил испраќан на обуки. Сите овие факти биле докажани во постапката, која резултираше со првостепена пресуда во корист на тужителот.

Минатата година во Основниот суд Скопје 2 беше донесена и првата пресуда за мобинг против судија, односно претседател на суд кај нас. Имено, Граѓанскиот суд одлучи дека поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, вршел мобинг врз вработениот во човечки ресурси Горан Стаменковски.

Во Европа највисока отштета за мобинг – 800 000 фунти

Највисоката отштета за мобинг исплатена во Европа изнесува неверојатни 800 000 фунти. Имено, извесна Хелен Грин од Велика Британија ја тужела „Дојче банка“ бидејќи на работното место четири години преживувала мобинг од нејзиниот претпоставен Ричард Елистон и уште од четири нејзини колешки. Високиот суд во Лондон пресудил дека таа претрпела малтретирање на работното место, па затоа фирмата во која работела треба да ја обесштети за 800.000 фунти. Судот одлучил дека банката не презела ништо за да се спречи психичкото вознемирување на вработениот, па затоа целиот товар паѓа на компанијата заедно со сите судски трошоци. Веднаш по пресудата, од банката се изјасниле дека ќе ја почитуваат судската одлука и ќе и ја исплатат отштетата на Грин. Таа останала и понатаму на своето работно место во Секретаријатот за поделба на работата, во седиштето на „Дојче банка“ во Лондон.

Останато

Извештајот „Doing Business 2019“ на Светска банка на денешната редовна владина седница

Објавено

на

На предлог на Министерството за финансии, на денешната редовна 102-ра седница Владата на Република Македонија ќе го разгледа предлог – законот за изменување и дополнување на законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Трансакции со криптовалути во споредба со Visa и Paypal

Објавено

на

Сопствениците на “паричникот” со криптовалути често се согласуваат дека нивните мрежни трансакции се побрзи од главните начини на плаќање, како што се Visa или Paypal. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоин – валута на иднината

Објавено

на

Луѓето се занимаваат со трговија за да разменуваат стоки и услуги во текот на вековитe. Овие размени не секогаш вклучуваа парични плаќања. Имаше време кога стандардните пари дури и не постоеја и луѓето користеа други форми на исплата за вршење трансакции. Со развојот на технологијата, пари и плаќања драстично се сменија. Тековната технологија за обработка на кредитна картичка и напредните деловни решенија овозможуваат финансиски трансакции во речиси секое време и практично на кое било место. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange