Connect with us

Анализи

Мобилниот паричник од иднината пристигна во секојдневието

Објавено

на

Патувањето низ времето сѐ уште не е измислено, но тоа што многумина од нас го гледаа во класичните Sci-Fi филмови во детството, полека станува реалност во секојдневието. Кога станува збор за плаќањето, иднината пристигна и ние веќе живееме во реалност во која имаме виртуелен паричник.

На тој план интересно е да се наведат неколку факти:

  • Најновите статистики покажуваат дека во 2019 година, бројот на корисници на мобилни телефони ќе достигне 4,68 милијарди.
  • При едно неодамнешно истражување направено од Американското банкарско здружение, за навиките на генерацијата милениумци (родени во периодот од 1981 до 1996 година) 77% изјавиле дека нивниот мобилен телефон е во секое време со нив.
  • 23% од милениумците во ова истражување одговориле дека пресудно при изборот на банка е таа да има мобилни сервиси, како основно средство за комуникација со банката.
  • Кај Милениумците е двапати поверојатно да го изгубат паричникот, споредбено со претходната генерација и 3 пати поверојатно споредбено со Генерацијата Х (родени во периодот од 1965 до 1980 година).
  • Просечно 2.5 денови годишно поминуваме барајќи изгубени предмети, а во 20% од случаите тоа е паричникот.
  • 35% од мажите не признаваат кога ќе изгубат нешто, обвинувајќи некој друг, најчесто сопругата. Исто е случај и кај 30% од жените.
  • Во една чанта има сѐ, освен ред, а паричникот е секогаш на дното кога ни треба.

Инспириран од овие факти, тимот на НЛБ го воведе NLB Pay – Мобилниот паричник кој во вистинска смисла на зборот го интегрира Вашиот паричник во рамки на мобилниот телефон, кој прерасна во најкорисната алатка на современото живеење.

NLB Pay е мобилна апликација која овозможува брзо, едноставно и сигурно бесконтактно плаќање со мобилен телефон насекаде, во земјата и странство. Оваа апликација во целост може да го замени вистинскиот паричник, кој повеќе нема да биде неопходен во секој момент. Плаќањето со мобилен паричник е поедноставно дури и од плаќањето со платежна картичка и се извршува само со отклучување на мобилниот телефон и негово приближување до ПОС терминалот. Притоа не е потребна најава во NLB Pay мобилната апликација.

Користењето на NLB Pay мобилниот паричник е без никаков надомест, независно од бројот на НЛБ Mastercard картички кои ќе ги дигитализирате. Една од најдобрите карактеристики е што апликацијата бесплатно се презема од GOOGLE PLAY STORE и не мора да одиме во експозитура за да започнеме да го користиме мобилниот паричник.

Што ако немаме интернет во моментот на плаќање? 

Со NLB Pay мобилниот паричник можеме да плаќаме дури и кога немаме интернет на телефонот, при што можеме да направиме до 10 трансакции.

Сега сигурно се прашувате колку е ова плаќање безбедно? 

Сѐ е во ред, плаќањето со NLB Pay е навистина безбедно.

Апликацијата не може да се користи доколку на телефонот немаме ставено безбедносна  заштита за заклучување на телефонот (ПИН, патерн, отпечаток од прст или препознавање на лице). Дури и да го изгубиме телефонот, картичката не може да биде злоупотребена бидејќи телефонот ќе ни биде заклучен.

Анализи

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Врз основа на членовите 48 и 49 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола, а согласно Одлуката на Надзорниот одбор од 31.01.2019 година за свикување на Собрание на акционери, СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Подготвени ли се банките во Македонија за имплементирање на двојазичноста?

Објавено

на

Од моментот на стапување во сила на Законот за јазици, албанскиот јазик ќе добие проширена употреба. Покрај македонскиот, во институциите службен јазик станува и албанскиот, што ќе се применува во комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните.

(more…)

Продолжи со читање

Анализи

Банки vs. Финтек компании: Кој ќе победи?

Објавено

на

Дигитализацијата зема се поголем замав, притоа рапидно развивајќи се, но како “FinTech” компаниите се справуваат во споредба со големите традиционални банки?

Додека голем број банки се уште се потпираат на постоечките рачни процеси, многу “FinTech” компании ја прифаќаат моќта на вештачката интелигенција за справување со финансиските предизвици.

“Revolut” и “ClauseMatch”, организираа панел дискусии со водечките “FinTech” компании и банки, каде што ќе се прикажат некои од најновите технологии и ќе се дискутираат иновативни стратегии.

Експертите на панелот ќе разговараат за:

✅ Кој е поблиску до усогласеност – банки или “FinTech” компании?
✅ Улогата на технологијата: Колку може да се автоматизира? Што треба да се автоматизира, а што никогаш не треба да се автоматизира?
✅ Што мислат регулаторите за горенаведеното?

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange