Connect with us

Останато

Многу сектори делумно работат, финансиската поддршка да продолжи со нови економски мерки

Објавено

на

Сојузот на стопански комори на Македонија апелира на широка консултација и засилување на дијалогот со релевантните институции со цел економските мерки да имаат позитивен ефект врз реалниот сектор и да бидат реално применливи. Во услови на здравствено – економска криза, претпријатијата се соочуваат со предизвик за нивен опстанок, а економијата бележи стрмоглав пад. Особено на удар се претприемачите, малите и средни компании кои се столб на националната економија, кои вработуваат над 80 отсто од вкупниот број вработени граѓани во приватниот сектор и претставуваат 99,8 % од регистрираните правни субјекти.

„Сојузот на стопански комори на Македонија, иницира продолжување на економските мерки за финансиска поддршка на Владата, итно за дополнителни два месеци. Неопходно е и продолжување на сите мерки за одложување на побарувањата по основ на даночни аконтации, кредити, како и на казнени и затезни камати до крајот на годината. Согласно анализите на Сојузот, голем број претпријатија се сериозно засегнати од кризата, а дел немаат воопшто никакви приходи за да ги покријат основните месечни трошоци. Во таа насока, следејќи ја моменталната состојба, предизвици со кои се соочуваат претпријатијата се бројни, како нарушена ликвидност, борба за задржување на работните места и борба за опстанок поради неможноста за вршење дејност“, изјави Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Арсовска додаде дека на приватниот сектор му е неопходна институционална поддршка за да се овозможи економијата да биде во континуирано движење. Иницијативата на Сојузот, официјално е доставена и до Владата за итно разгледување.

Сојузот на стопански комори на Македонија од почетокот на здравствената криза, јасно ги истакнува приоритетите да се зачува здравјето на граѓаните, да не се изгубат работни места и економските мерки кои ќе се креираат да ја поддржуваат реалната економија за да не се дозволи ниту една компанија да затвори, како последица од Ковид-19. Сојузот на стопански комори на Македонија е најголемата деловна мрежа која застапува преку 35 стопански комори и организации.

Останато

Ангеловска: Реотварањето на економијата – побрзо, приходите во јуни – подобри од очекуваното

Објавено

на

Наплатата на приходите во јуни значително подобра од проекциите, што укажува на тоа дека реотварањето на економијата ќе оди побрзо од очекуваното. За јуни наплатата на приходите во однос на лани е 9,6%, што е подобрување во однос на претходните два месеци. Дури има и натфрлање на одредени давачки за високи проценти во однос на лани како кај персоналниот данок на доход и придонесите. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на редовната прес-конференција за месечното извршување на буџетот, кои во насока на зголемена транспарентност е одржуваат од почетокот на COVID-19 кризата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП: Се заокружи второто тримесечје на МојДДВ за 2020 година, исплата ќе се врши во август

Објавено

на

Управата за јавни приходи известува дека на 30.06.2020 година се заокружи второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на „Airbnb“, Брајан Чески: „Ни требаа 12 години да го изградиме брендот, а изгубивме скоро сè за само 6 недели“

Објавено

на

Можете да поминете децении во градењето на вашиот сон, а светот може да го уништи со нешто што е случајно како пандемија на непознат вирус. Ова е точно она што и се случи на компанијата „Airbnb“ и на нејзиниот извршнен  директор Брајан Чески, со појавата на Ковид-19 годинава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно