Connect with us

Домашни банки

Многу музика и забава на хуманитарниот настан на Халк банка во Градски парк

Објавено

на

Со многу музика и забава, многу деца и врвулица од луѓе, вчера во Градскиот парк во Скопје, кај популарната „школка“ се одржа тричасовен хепенинг со кој Халк банка ја претстави својата најнова понуда –„ризико“ кредити со животно осигурување која банката ја реализира во партнерство со Кроација осигурување живот.

Во текот на настанот 60 дечиња од три основни училишта со моливи, бои и четкички го доловуваа своето сфаќање и видување на темата „Животот е убав“ под чие мото се организираше настанот. Креативните детски рачиња создадоа цртежи кои ќе помогнат, барем донекаде, животот да биде поубав и за децата од Домот за деца без родителска грижа “11 Октомври„. Сите создадени дела на малите уметници ќе бидат изложени во филијалата на Халк банка и во текот на ноември понудени на продажба на деловните клиенти на банката, а собраните средства потоа ќе бидат донирани во Домот.

Многу луѓе имаше и пред „тркалото на среќата“ бидејќи секое свртување и давање одговор на едноставни прашања врзани за најновата понуда на Халк банка обезбедуваше награда. И сето тоа во убава, весела атмосфера, со многу смеа и шеги за што беше задолжен познатиот водител Марко Новески. Дечињата и посетителите ги дружеше и Елена Ристеска која беше гостин на настанот.

Несекојдневниот хепенинг кој имаше и хуманитарен карактер, што е во согласност со политиката на Халк банка како општествено одговорна компанија, беше дел од промотивната кампања на банката за кредити со животно осигурување со кои се обезбедува заштита и сигурност на сите корисници на кредити од несакани случаи. Во понудата се Релакс потрошувачкиот кредит, Комфор станбениот кредит и Хипотекарниот кредит со кои се нудат атрактивни услови, како можност за земање поголем износ на кредит, подолг рок на отплата, а кај одредени производи и подолг период на отплата со фиксна каматна стапка или пониска каматна стапка.

Кредитите со животно осигурување се реализираат во партнерство со Кроациа осигурување живот, чии стандардни полиси за осигурување живот – basic, premium, ekskluziv и Коко детско штедно осигурување, сега се достапни и во сите филијали на Халк банка.

Домашни банки

ОФИЦИЈАЛНО: “УНИБанка” издаде перпетуална обврзница по пат на приватна понуда

Објавено

на

На 11.01.2019 година, УНИБанка преку Македонска берза објави дека банката донесе одлука за издавање на капитален инструмент по пат на приватна понуда. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје ги извлече добитниците од наградната игра ,,Халквантура”

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје на ден 16.01.2019 година во просториите на Деловниот Центар на Халкбанк АД Скопје во Скопје ги извлече добитниците на награди од наградната игра ,,Халквантура’’. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нови престижни награди за Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Остварените резултатите, постигнатиот успех, континуираниот развој на нови технологии и производи се само дел од критериумите врз база на кои светски реномираните магазини ги доделуваат глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарскиот свет. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange