Connect with us

Business Woman

Многу ентузијазам, малку среќа, Ворен Бафет и милијардата е на дофат…

Објавено

на

Во 2002 година, Кендра Скот ја започна својата компанија за накит во својот дом, поточно буквално во резервната спална соба во Остин, Тексас, три месеци откако остана бремена со своето прво дете. Таа била на предвремено породилно отсуство, бидејќи имала комплицирана бременост и лекарите ја советувале да одмара во домашни услови.

Но, Кендра Скот бидејќи отсекогаш уживала во правењето накит за пријателите, како проект најмногу поради страста, започнала да дизајнира колекција во своето слободно време.

И покрај тоа што претходно започнала бизнис кој бил неуспешен и морала предвреме да го затвори, таа била полна со ентузијазам и решена да ја претвори својата љубов и пасија кон накитот во бизнис со филантропска мисија. Најпрво, таа одела од врата на врата продавајќи парчиња од нејзината прва колекција на локалните бутици во Остин со нејзиниот речиси штотуку роден син покрај неа.

„Секој може да ја претвори дополнителната деловна активност во силен извор на приход. Сè што треба да се стори е да се биде полн со ентузијазам и страст кон бизнисот и да се обезбеди одлична услуга за клиентите“, вели Кендра Скот за „CNBC“.

Всушност, таа првично била водена од потребата да заработи дополнителни пари додека го одгледувала своето дете изработувајќи накит.

Oткако, Скот ја основаше својата компанија по свој вкус и замисла, таа беше подготвена на се за да успее.

Вистинската можност за „лансирање“ во корпоративниот свет за неа дојде во 2016 година. Тогаш, приватната капитална фирма „Berskhire Partners”, дел од инвестицискиот конгломерат „Berkshire Hathaway” на Ворен Бафет, купил малцински удел во нејзината компанија.

Таа сега има просперитетна онлајн продавница и 102 продавници, вклучително и продавница во луксузната лондонска стоковна куќа „Селдриџс“, како и нејзиниот прв аутлет шопинг центар во Њујорк, продавница со површина од 1.700 квадратни метри во Сохо. Кендра Скот има вработено над 2.000 лица, од кои 95% се жени.

Реномираното списание „Wall Street Journal” изнесе податок според кој, во моментов компанијата на Кендра Скот вреди повеќе од една милијарда американски долари.

Ова е доказ дека соништата можат да станат реалност ако имате многу ентузијазам и страст кон работата, како и малку среќа.

За нејзиниот енормен успех таа ги советува сите оние кои размислуваат за сопствен бизнис: „Само небото е граница“.

Business Woman

Избор на најуспешни жени менаџери

Објавено

на

Најуспешните жени менаџери за 2019 година ќе бидат промовирани вечер на манифестацијата што традиционално веќе 24 години ја организира агенцијата „Марили”. (more…)

Продолжи со читање

Business Woman

Црвенкоска: Сите попусти и намалени цени на едно место, Акции.мк ќе ви го олесни секојдневието

Објавено

на

Дали ги следите акциите на производите, барате ли каде е поевтино и каде може да добиете најдобра понуда? Доколку не сакате да гледате низ десетина сајтови или печатени каталози тогаш новиот мобилен продукт Акции.мк може да биде вистинско решение. Акции.мк на македонските корисници им нуди директен и електронски преглед на сите акции на производи со намалени цени во супер маркетите, веледрогериите, продавниците за електроника и други ланци. За развојот на Акции.мк разговараме со креаторот Елеонора Црвенкоска од компанијата Different која открива најпрво како настанала идејата за создавање на ваков вид на решение кое треба да ги поврзе купувачите и трговците, но и како планираат да го развијат нивниот бизнис модел. Колку една апликација како Акции.мк може да го олесни вашето секојдневие, прочитајте од интервјуто во продолжение.

Банкарство: Што ве мотивираше да ја изработите апликацијата akcii.mk, може ли да ни дадете повеќе за вашето досегашно искуство и како функционирате како тим?

Црвенкоска: До идејата дојдовме случајно и од потреба, имено како и секоја идеја која се раѓа од потреба така и akcii.mk има за цел да олесни некаков процес од нашето секојдневие односно корисникот да ја добие посакуваната информација на едно место.

Пресвртен момент беше кога една госпоѓа во еден маркет купувајќи ист продукт како и јас ме запраша која е цената, јас и одговорив и потоа ми кажа: „а не, ќе чекам до утре, ќе го купам од друг маркет, таму утре ќе биде на акција“. Разликата изнесуваше 4 ден, а самиот продукт чинеше 150 ден, што значи на акција истиот продукт во другиот маркет утредента изнесуваше 146 ден.

И тогаш си реков „ако може некој да чека еден ден и будно ги следи акциите на маркетите за толку мала разлика, а сепак самиот продукт и не е баш во буџет категорија тогаш би било многу фино доколку може да се интегрираат сите акции од сите маркети или малопродажни места од сите категории на едно место“, и така започна се, односно да креираме мобилна апликација и сајт кои ќе им овозможат на потрошувачите да може да ги прегледуваат сите акции од сите малопродажни места и категории на едно место.

Знаеме дека денес сите сме опкружени со информации кои ги црпиме преку нашите паметни телефони, а како канали на дистрибуција ги користиме социјалните мрежи или одредени апликации. Нашите навики секојднево се трансформираат, ако претходно повеќето податоци ги прибиравме преку хартиен медиум денес дигитализацијата се почесто се интегрира во нашето секојдневие.

Така и една од целите на нашата апликација akcii.mk е да ја замени хартиената форма на објавување на самите акции. Сигурна сум дека многу пати сите ние кога добиваме каталози во нашите поштенски сандачиња или на врата многу често ги фрламе без да ги погледнеме или пак само кратко фрламе поглед и потоа ги одложуваме во корпата за смет. Ова укажува на фактот дека информацијата не стигнува до посакуваниот консумент односно информацијата се дистрибуира масовно па на тој што му треба ќе ја анализира, а на тој што не му треба едноставно веднаш се ослободува од неа. Но, тоа креира непотребно користење на хартија, непотребни трошоци за да испечатите каталози и најважно од се непотребен смет по влезови од згради, улици и итн…

Банкарство: Може ли да ни објасните како се користи akcii.mk, кои се нејзините предности и на кои платформи е достапна?

Црвенкоска: Во нашиот сегмент односно нашата апликација од самиот почеток знаевме дека главните корисници на каталози за акции се потрошувачи со старосна возраст од +50 години, па затоа целта ни беше да самата апликација биде што полесна за користење, да не ги оптоварува корисниците со премногу опции и информации, да е лесно читлива и да може типкањето за пребарување или внесување на било какви информации или податоци да биде изведено во кирилично или латинично писмо односно да не мора корисникот да менува писмо туку веднаш апликацијата ќе го препознае јазикот и ќе ја презентира побараната информација без разлика со кое писмо е напишана.

Имено, апликацијата е достапна на iOS (Apple) и Android. Со нашата апликација корисникот дигитално ги добива во било кој момент сите информации од сите малопродажни места од сите категории: супермаркети, техника, дом и градина, аптеки, и најважно од се, може да се пребарува по продукт на нашата апликација. Тоа значи дека ако сега на вас ви е потребно да купите детергент, нов телевизор или пелени за бебе веднаш ќе добиете преглед на пребараниот продукт од наефтин кон најскап, по бренд и кај кој трговец, а притоа во самата апликација има и алатка да истиот продукт го внесете во вашата корпа и така ќе можете да креирате листа на продукти што ви требаат и од каде можете да ги набавите истите. Што значи, процесот комплетно го скратуваме, информацијата е достапна веднаш и во било кое време, и да не заборавиме допринесуваме кон почиста околина и средина бидејќи ја намалуваме потребата за печатење во хартиена форма за истите рекламни материјали.

Банкарство: На кој начин ги собирате податоците од страна на маркетите и колку истите се ажурираат?

Материјалите ги собираме електронски од сите поголеми трговци за храна, техника, дом и градина и дрогерии. Ги ажурираме во ист момент кога и самите трговци ги објавуваат.

Банкарство: Дали планирате да лансирате и десктоп верзија на akcii.mk за полесен пристап на корисниците од било кој уред?

Секако, но пред се сакаме да ја развиеме и распространиме употребата на апликацијата преку паметните телефони од причина што денешните web пребарувања се повеќе извршени преку паметните телефони а самата апликација го заменува класичното web пребарување но, сепак во план ни е да имаме и приказ преку web платформа.

Банкарство: Може ли akcii.mk да прерасне и во шопинг платформа во директна соработка со самите маркети, на кој начин би го развиле вашиот бизнис модел?

Уште од самиот почеток кога ја евалуиравме потребата за апликација како akcii.mk воочивме дека во иднина ќе можеме да интегрираме online купување како додадена вредноста за самите трговци, со други зборови, штом корисникот ќе го пронајде продуктот што го интересира ќе можеме да го поврземе со самиот трговец за online купување доколку и самиот трговец ја нуди истата можност.

Како би ја избегнале неизвесноста од тоа дали трговецот нуди online купување и дали истиот врши достава, нашата следна амбиција и цел е да оствариме соработка со компанија која има развиено добра логистичка мрежа за експрес достава и на тој начин ќе можеме да им понудиме на корисниците комплетно решение односно преглед на продукт и достава на истиот за не повеке од 45 минути.

Продолжи со читање

Business Woman

Три Македонки прогласени за „Најжена на 21 век“ во Белград

Објавено

на

Агенција „Марили“ која 24 години ја поддржува успешноста на жената во бизнисот како претприемач, менаџер и лидер се гордее со проширувањето на соработката на бизнисите предводени од жени на регионално ниво. Токму жените менаџери – лауреатки од манифестацијата на „Марили“ – „Избор на топ 10 најуспешни жени менаџери од Македонија“ се дел од наградените на регионалната манифестација „Најжена на 21. век“, што претставува верификација на напорите на агенција „Марили“ да ја промовира успешната жена во бизнисот во нашата земја, но и надвор од неа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно