Странски банки
ММФ ја увери Украина во својата целосна поддршка и натамошна соработка

Меѓународниот монетарен фонд ја увери Украина во својата поддршка и продолжува тесно да соработува со владата за да и помогне на земјата на сите можни начини, се наведува на официјалната Фејсбук страница на Министерството за финансии на Украина, пренесува „Укринформ”.
„Министерството за финансии продолжува да комуницира со ММФ за инструментите за поддршка на Украина. Сите дискусии се водат онлајн, со учество на персонал од Вашингтон. Конкретно, страните ги истражуваат опциите за натамошна финансиска поддршка, вклучувајќи го и сегашниот Стенд-бај аранжман од 2,2 милијарди долари со ММФ”, се наведува во соопштението.
Украинската Влада, покрај тоа, од ММФ побара дополнително итно финансирање, соопшти Министерството за финансии.
ММФ ја увери Украина во нејзината поддршка, а персоналот на Фондот ќе продолжи тесно да соработува со Владата на Украина за да и помогне на земјата на сите можни начини.
„Меѓународниот монетарен фонд исто така работи со Групацијата на Светска банка и други партнери за зајакнување на поддршката за Украина”, соопшти Министерството за финансии.
Странски банки
ПроКредит Групацијата постигна значителни резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

Групацијата ПроКредит, која главно е активна во Југоисточна и Источна Европа, објави висок финансиски резултат од 94,0 милиони евра за првите девет месеци од 2023 година. Приносот на капиталот значително се подобри на ниво од 13,6 %, со што се нагласуваат среднорочните проекции на групацијата. Добриот резултат главно беше поттикнат од континуираната позитивна динамика на нето-каматната маржа, како и од подобрениот коефициент трошоци-приходи од 58,7%. Стабилните показатели за кредитниот ризик доведоа до умерена цена на ризикот од 20 базични поени, каде спаѓаат и дополнителните резервации за загуби резервирани во третиот квартал на работењето на групацијата во Украина. Како резултат на силниот оперативно-финансиски развој во целата групација, Управниот одбор реши на 26 октомври 2023 година повторно да ги подигне проекциите за финансиската 2023 година. (more…)
Странски банки
ЕБОР го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Банката во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Северна Македонија. Тој ќе ја преземе функцијата на 1 ноември и ќе ја води канцеларијата на Банката во Скопје. (more…)
Странски банки
ПроКредит Холдинг АД: Успешно спроведена трансформација во акционерско друштво

Матичната компанија на развојно ориентираната Групација ПроКредит успешно ја заврши трансформацијата на својата правна форма во акционерско друштво (AG). Трансформацијата беше завршена со внесување на ПроКредит Холдинг АД во трговскиот регистар на 27.9.2023 година. Претходно, на Годишното генерално собрание одржано на 5.6.2023 година беше донесена одлука за одобрување на промената на правна форма со многу големо мнозинство. Трансформацијата во акционерско друштво има за цел дополнително да го подобри прифаќањето на инвеститорите, особено меѓу учесниците на меѓународниот пазар, а, во исто време, да ја поедностави корпоративната структура. Деловниот фокус на ПроКредит Холдинг, особено со акцент на Југоисточна и Источна Европа и неговата посветеност да се постигне влијание, остануваат непроменети. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство