Connect with us

Останато

ММФ ја намали прогнозата за раст на германската економија

Објавено

на

Германската економија годинава ќе порасне многу послабо од очекуваното, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Најголемата европска економија се соочува со предизвици оваа и следната година, нагласи експертот на ММФ за Германија, Оја Целасун, најмногу поради ограничувањата во снабдувањето со гас.

Отежнувачка околност е слабеењето на економијата на глобално ниво.

ММФ сега очекува германската економија да порасне за 1,2 проценти оваа година, намалувајќи ја претходната прогноза за 0,8 процентни поени.

Во следната година, економската активност би требало уште повеќе да забави, со проценета стапка на раст од само 0,8%, утврди ММФ, што е за 1,2 проценти послабо од очекуваното.

Инфлацијата треба да достигне 7,7 проценти оваа година, а потоа да се забави на 4,8% во 2023 година, под услов да се стабилизираат цените на енергијата, покажа пресметката на ММФ.

Селасун предупреди на висок степен на несигурност во проценките, додавајќи дека најголемата закана за економијата ќе биде трајно и целосно прекинување на извозот на руски гас во Германија и Европа.

Аналитичарот на ММФ ја повика Германија да биде флексибилна во својата финансиска политика, за да може да реагира доколку ситуацијата се влоши. Флексибилноста може да опфати и повторено суспендирање на уставната одредба за задолжување.

ММФ даде попозитивна оценка за мерките преземени од германската влада за обезбедување на снабдување со енергија, вклучувајќи го и увозот на течен природен гас (LNG) и складирање гас.

Останато

Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Објавено

на

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Објавено

на

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Објавено

на

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно