Connect with us

Останато

ММФ предвидува дека кинеската економија годинава ќе порасне за 8,1 проценти

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува дека кинеската економија ќе порасне за 8,1 проценти во 2021 година.

Прогнозата е за 0,2 процентни поени поголема од проценката од пред половина месец. Исто така, ММФ предвидува дека глобалната економија годинава ќе порасне за 5,5 проценти.

Кина се врати на своето ниво на економски раст од пред пандемијата уште во четвртиот квартал од 2020 година, пред сите поголеми светски економии, изјави главниот економист на ММФ, Гита Гопинат.

„Новата проценка на ММФ за 2021 година ги рефлектира позитивните ефекти од почетокот на вакцинацијата во некои земји, како и  дополнителна поддршка на политиката на крајот на 2020 година во економиите како што се САД и Јапонија”, додаде Гопинат.

Бруто домашниот производ на Кина, втора по големина економија во светот, се зголеми за 6,5 проценти во четвртиот квартал на 2020 година, според кинеската статистика.

Растот во четвртиот квартал доведе до вкупен раст од 2,3 проценти, што укажува на тоа дека Кина ги предводеше големите економии на годишен позитивен раст во 2020 година, додека многу други продолжуваат да се борат со пандемијата.

Криптовалути

Што се случува со најпознатата криптовалута!?

Објавено

на

Извршниот директор на советничката компанија за инвестиции „Vailshire Capital Management”, д-р Џеф Рос, ја изнесе теоријата дека нападот на Илон Маск врз мрежата Биткоин генерирал „краткорочна капитулација“. Тоа значи, секој што беше подготвен да го продаде својот Биткоин во мал знак на неволја, веќе го стори тоа. Слабите раце и краткорочните трговци се надвор од игра. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Започна првиот виртуелен хакатон “Хакирај ја сивата економија во е-трговија” во организација на АЕТМ

Објавено

на

Вчера, со почеток во 17 часот започна дводневниот хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија, под наслов “Хакирај ја сивата економија во е-трговија”, на кој учествуваат студенти од Економскиот Факултет – Скопје и од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Црн рекорд во САД: Дефицит на државниот буџет од 1,9 билиони долари

Објавено

на

Буџетскиот дефицит на САД се искачи на рекордни 1,9 билиони американски долари во првите седум месеци од тековната буџетска година, надуени со милијарди долари потрошени за помош, како резултат на пандемијата на коронавирус.

(more…)

Продолжи со читање


Популарно