Connect with us

Останато

ММФ повторно ја намали прогнозата за раст на американската економија

Објавено

на

Американската економија годинава ќе порасне за 2,3 проценти, послабо од очекуваното, процени Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), истакнувајќи дека новите податоци сигнализираат забавување на личната потрошувачка.

На крајот на јуни ММФ процени дека најголемата светска економија годинава ќе порасне за 2,9%.

Во 2023 година растот би требало нагло да забави, на само 1,0%, прогнозираат тие, намалувајќи ја претходната проценка за 0,7 процентни поени.

ММФ ги намали прогнозите откако податоците за првиот квартал во САД покажаа квартален пад на активноста од 0,4 проценти и слаби лични трошоци во мај.

Тие истовремено предупредија за предизвиците што ги носи високата инфлација и напорите на централната банка да ја спречи со нагло зголемување на каматните стапки.

„Зголемувањето на цените за широк спектар на производи „претставува системски ризик за Соединетите Држави и за глобалната економија“”, заклучија извршните директори на ММФ во извештајот по консултациите според член IV, објавен во вторникот.

„Приоритет на владината политика сега мора да биде итно и ефективно кочење на растот на платите и цените, но на начин да не предизвика нагло опаѓање на активноста“, предупредуваат тие.

„Ќе биде тешка задача“, заклучуваат извршните директори на ММФ.

Заострената монетарна политика треба да ја намали стапката на инфлација на 1,9 отсто до последниот квартал од следната година, од 6,6 проценти во последните три месеци од годинава, проценува ММФ.

Ова дополнително ќе го забави растот, но САД треба да избегнат рецесија, велат тие.

„Сепак, повисоките каматни стапки и намалената државна потрошувачка ќе го намалат растот на личната потрошувачка „приближно на нула на почетокот на следната година“, што ќе ги ублажи проблемите со набавките”, истакна во својот блог економистот на Министерството за западна хемисфера на ММФ, Ендрју Хоџ.

„Падот на побарувачката ќе ја зголеми стапката на невработеност на околу пет проценти до втората половина на следната година, што би требало да ги намали платите“, вели Хоџ.

ММФ предлага Вашингтон да ги усвои мерките за социјална и климатска заштита наведени од претседателот Џо Бајден, бидејќи тие ќе го поттикнат активирањето на граѓаните на пазарот на трудот, ќе ја ублажат инфлацијата и ќе го отворат патот за транзиција кон економија со ниска потрошувачка на јаглерод.

„Директорите исто така препорачаа да се укинат трговските ограничувања и зголемените тарифи од изминатите пет години“, се вели во извештајот на ММФ.

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Објавено

на

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно