Останато
ММФ: Нерамноправноста во пристапот до вакцините се одразува и на закрепнувањето на економиите

Светската економија нерамномерно закрепнува од пандемијата поради нееднаквоста во пристапот до вакцините, предупреди главната економистка на ММФ, Гита Гопинат, додавајќи дека делта сојот им се заканува на земјите што немаат основни медицински материјали.
Пандемијата почна пред повеќе од една година и многу земји се уште се борат да се справат со коронавирусот, особено со многу заразниот делта сој, што постепено ги потиснува сите други.
Индонезија, Малезија, Тајланд и Австралија ги зајакнуваат ограничувањата за борба против новите епидемии.
„Во моментов, ние сме сведоци на изразена нееднаквост во пристапот до вакцини, вклучувајќи ги и лековите и дијагностиката, така што закрепнувањето е нерамномерно”, изјави Гопинат на вчерашниот веб-семинар организиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
„Главниот проблем е како да се обезбеди добро вакцинирање за луѓето ширум светот”, нагласи Гопинат.
Некои земји нема да ја имаат потребната опрема за тестирање и лична заштита или кислородот што ќе им биде потребен за да го преживеат бранот од нови случаи, предупреди претставничката на Меѓународниот монетарен фонд, повикувајќи се на скокот на бројот на заразени во субсахарска Африка Латинска Америка.
ММФ очекува светската економија година силно да порасне откако минатата година го забележа најголемиот пад од Втората светска војна.
Во април, меѓународниот заемодавател ја зголеми прогнозата за глобалниот економски раст за оваа година на шест проценти, соопштувајќи дека заздравувањето во земјите во развој треба да биде послабо отколку во развиените економии.
„Кризата не врати назад во голем број области, вклучувајќи ја и безбедноста на храната, сиромаштијата и долговите”, рече главната економистка на Светска банка, Кармен Рајнхарт, на истиот веб-семинар.
Таа, исто така, предупреди дека нерамномерното закрепнување на светската економија е придружено со нагло зголемување на инфлациските притисоци во многу земји.
Инвеститорите внимателно следат знаци на забрзување на инфлацијата, особено во САД, се повеќе стравувајќи дека американската Централна банка и монетарните институции на другите големи економии ќе го забрзаат темпото на укинување на монетарната поддршка на економијата во коронската криза.
„Многу од овие извори на инфлацијата всушност се со краток век, разумно е да се очекува бројките да се нормализираат до следната година”, смета Рајнхарт.
„Во овој момент, би рекол дека инфлацијата само привремено го менува темпото и ќе ослабне”, иако секогаш постојат ризици цените да се забрзаат, заклучи претставничката на Светска банка.
Останато
Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)
Останато
Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.
Останато
Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 1 month
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство