Connect with us

НБРМ

ММФ: Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е здрав

Објавено

на

Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е здрав, оцени тимот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којшто престојуваше во нашата земја заради спроведување на редовниот годишен преглед на македонската економија. Во текот на изминатитe денови тимот оствари повеќе работни средби со претставници на Народната банка и на Министерството за финансии.

Во Заклучокот на тимот на ММФ е укажано и на фактот дека Народната банка соодветно ги искористила поволните услови за зголемување на девизните резерви. Според тимот на ММФ, во иднина, доколку дојде до влошување на надворешното окружување, Народната банка треба да биде подготвена да ја заостри монетарната политика.

Банкарскиот систем, според оцените на тимот на ММФ е здрав, добро капитализиран и ликвиден. Тековните активности за окрупнување на системот ќе придонесат за негово консолидирање и за подобрување на неговата ефикасност. Тимот на ММФ оценува дека преземањето чекори за натамошно зголемување на денаризацијата на депозитите, заедно со внимателно осмислените мерки за намалување на девизното кредитирање на домаќинствата, доколку е тоа потребно, ќе придонесе за натамошно зајакнување на отпорноста на нашиот финансиски систем.

Во Заклучокот на тимот на ММФ се истакнува дека дополнителното зајакнување на рамката за финансиска стабилност и натаму е приоритет. Истовремено е изнесена позитивна оцена за продолжувањето на активностите за зајакнување на супервизорската и регулаторната рамка. Овие активности се преземени во согласност со Програмата за детална проценка на финансискиот сектор (ФСАП) којашто беше спроведена минатата година. Како што заклучува тимот на ММФ, истовремено се подготвува и регулатива со којашто ќе се зајакне макропрудентниот мандат на Народната банка и ќе се овозможи подобро утврдување на системските ризици во банкарскиот систем.

Тимот на ММФ нагласува дека е од особена важност што во нашата земја има посветеност на реформите. Како што е наведено, спроведените клучни институционални реформи ја покажаа посветеноста на носителите на политики кај нас за справување со долгорочните предизвици. Тимот на ММФ порачува дека е важно да се остане на патот на реформите, со цел дополнително да се подобри отпорноста на нашата економија на шокови.

Целосниот текст на Заклучокот на тимот на ММФ којшто ги содржи првичните согледби е достапен на следнава врска: https://www.imf.org/en/News/Articles/2019/11/17/mcs111819-republic-of-north-macedonia-staff-concluding-statement-of-the-2019-article-iv-mission?cid=em-COM-123-39741.

НБРМ

Состанок со новиот извршен директор во ММФ, Хилберс: Професионализмот и високите стандарди во работењето на централната банка се клучни за ММФ

Објавено

на

„Претставувајќи ја Конституенцата на којашто припаѓа Северна Македонија ќе се залагам ММФ и натаму да дава силна поддршка за вашата земја, во спроведувањето на реформите и во активностите за надминување на актуелната криза којашто е глобален предизвик.“ – истакна новиот извршен директор во ММФ, Пол Хилберс –  член на Извршниот одбор на ММФ и задолжен за нашата земја, на првиот состанок со раководството на Народната банка, по започнување на неговиот мандат. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Денес е последен ден за пријавување за Деновите на финансиска писменост

Објавено

на

Денес е последен ден за пријавување за едукативните видео презентации на тема Монетарна политика, Финансиска стабилност и Платен систем и платежни услуги, што ќе ги организира Народната банка во рамки на 4-тото издание на Денови на финансиска писменост. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Раст на годишна основа на депозитите и на кредитите во октомври

Објавено

на

Народната банка објави дека на годишна основа, вкупните депозити забележаа раст од 5,5 проценти, при раст на депозитите и на домаќинствата и на компаниите. Вкупните кредити бележат годишен раст од 6,7 проценти, што произлегува од зголеменото кредитирање кај двата сектора. (more…)

Продолжи со читање

Популарно