Connect with us

НБРМ

ММФ: Монетарната политика е соодветна, а девизните резерви овозможуваат стабилен девизен курс

Објавено

на

Народната банка води соодветна олабавена монетарна политика, бидејќи инфлацијата е пред сѐ глобален феномен. Во согласност со глобалните трендови, повисоката инфлација веројатно ќе се задржи подолго во однос на претходните очекувања, намалувајќи се во текот на втората половина на 2022 година. Во наредниот период, Народната банка треба будно да ги следи движењата и потенцијалните ризици, нагласувајќи ја подготвеноста за реакција доколку е потребно. Ова е заклучено од страна на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Извештајот од редовната мисија во земјава.

Фиксниот курс на домашната валута со децении е сидро на стабилноста на домашната економија, забележуваат од Фондот и посочуваат дека девизните резерви се одржуваат на соодветно ниво и овозможуваат доволно простор за задржување на стабилноста на курсот.

Во извештајот на ММФ се изнесени оцени и за неколку други аспекти во доменот на централната банка:

‒ Навремениот и силен одговор на Народната банка го ублажи ударот којшто пандемијата ѝ го зададе на економијата, а понатаму помогна во економското закрепнување. Како што посочува ММФ, регулаторната флексибилност за време на пандемијата беше значително искористена и им помогна како на корисниците на кредити, за надминување на предизвиците со ликвидноста, така и на банките.

‒ Мерките на Народната банка придонесоа за зачувување на финансиската стабилност. Тековните реформи за јакнење на макропрудентната рамка и за заштитната финансиска мрежа се клучни.

‒ Банкарскиот систем е добро капитализиран. Стапката на адекватност на капиталот во септември 2021 година надмина 17%, поддржана од солидната капитализираност пред пандемијата и мерката на Народната банка за привремено ограничување за исплата на дивиденди од страна на банките. Стрес-тестовите на Народната банка покажуваат дека нивоата на капиталот на банкарскиот систем ќе бидат над минималните барања и во ризично сценарио.

‒ Народната банка е високотранспарентна и отчетна институција. За да се обезбедат навремени одлуки и да се зачува оперативната автономија како супервизор, од највисок интерес е да се одржи независноста на централната банка, посочуваат од ММФ. Во согласност со препораките на Програмата за оцена на финансискиот сектор (ФСАП) на ММФ и Светската банка од 2018 година, Фондот во извештајот посочува дека Народната банка треба да се исклучи од Законот за административни службеници. Народната банка има соодветна рамка на внатрешни механизми за донесување на одлуките и за спроведување на активностите. Ова беше заклучено во 2020 година, кога мисија на ММФ спроведе проверка и на интерните контролни механизми во Народната банка. ММФ и во овој случај посочи на потребата за измени во законската рамка заради зајакнување на независноста на Народната банка.

НБРМ

Во првото полугодие од 2022 година околу 1.700 ученици и наставници посетија предавања за финансиска едукација на Народната банка

Објавено

на

Тимот за финансиска едукација на Народната банка во првото полугодие од 2022 година, преку едукативни презентации, подготовка на едукативни материјали и организација на натпревари, продолжи да работи на натамошно унапредување на  финансиската писменост на населението. Од почетокот на годината реализирани се 32 предавања, со кои беа опфатени 1594 ученици, како и 88 наставници и професори од основни и средни училишта. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка донесе одлука за воведување макропрудентна мерка за дополнително јакнење на заштитните механизми во банкарскиот систем

Објавено

на

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, донесе одлука за воведување макропрудентна мерка со која дополнително се јакнат заштитните механизми во банкарскиот систем, заради зачувување на неговата отпорност и натамошно јакнење на финансиската стабилност во услови на постепено зголемување на системските  ризици. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Каматните стапки на кредитите во јуни останаа ниски, умерено зголемување кај новопримените депозити

Објавено

на

Народната банка денеска информира дека каматните стапки на кредитите остануваат ниски, а умерено зголемување е забележано кај каматните стапки на новопримените депозити. (more…)

Продолжи со читање


Популарно