Connect with us
P2_P_MK_1600x400

НБРМ

ММФ за 2018 година: Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е стабилен

Објавено

на

Извештајот за Република Македонија за 2018 година што го објави денес Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) претставува финално заокружување на оцените од редовниот годишен преглед на македонската економија спроведен во ноември минатата година во рамки на Мисијата, според член 4 од Статутот на ММФ.

Во Извештајот, поставеноста на монетарната политика сe оценува како соодветна. Притоа, нотирано е монетарното релаксирање во текот на минатата година, како поддршка на вкупната активност во економијата, а при истовремено одржување стабилни очекувања на економските субјекти и на нивната доверба. Воедно, се констатира дека олабавувањето на монетарната политика во текот на годината е одраз на поволните движења на девизниот пазар, малиот производствен јаз и умерената инфлација. Во својот извештај, ММФ потврдува дека надворешната позиција на економијата главно е во линија со среднорочните фундаменти и дека девизните резерви би се одржувале на соодветно ниво и во наредниот период.

ММФ оценува дека банкарскиот систем и натаму е стабилен и дека банките се висококапитализирани, ликвидни и профитабилни. Во Извештајот се посочува дека учеството на нефункционалните во вкупните кредити е намалено и дека постои соодветна резервираност на нефункционалните кредити за справување со кредитниот ризик, но и дека ризиците сепак треба и натаму внимателно да се следат. Според ММФ, натамошните напори за постепено зголемување на денаризацијата на депозитите, во комбинација со соодветни макропрудентни мерки на страната на кредитите, може позитивно да влијаат за натамошно зајакнување на отпорноста на финансискиот систем. Во Извештајот се посочени и повеќе конструктивни препораки за натамошно зајакнување на рамката за финансиска стабилност, кои беа утврдени во рамки на Програмата за оцена на финансискиот сектор во Република Македонија, која заврши неодамна.

Во поглед на макроекономските движења, ММФ очекува економскиот раст во земјава да забрза на 2,8% во 2019 година, поддржан од закрепнувањето на инвестициската активност и на 3,4% на среден рок. Според ММФ, зголемениот глобален протекционизам и затегнувањето на меѓународните финансиски услови се клучни негативни ризици за макроекономските изгледи кај нас. Од друга страна, како позитивен ризик се посочува забрзувањето на процесот на структурни реформи и започнувањето на преговорите за пристапување во Европската Унија и НАТО.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска и Тевдовски на Економскиот и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, денес, во седиштето на Советот на Европската Унија во Брисел учествуваат на Економскиот и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Денови на финансиска писменост – едукативни презентации во Народната банка

Објавено

на

Од 29 до 31 мај годинава ќе се одржи третото издание на Деновите на финансиска писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании. Во текот на Деновите, институциите и компаниите, уште повеќе ќе ги отворат своите врати за сите заинтересирани граѓани, спроведувајќи бројни информативно-едукативни средби. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка очекува поволни поместувања во економијата

Објавено

на

На 14 мај 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange