Connect with us

Останато

ММФ ги намали прогнозите за светската економија на раст од 3,7%

Објавено

на

Според прогнозите на ММФ, светската економија ќе забележи раст од 3,7% оваа година, исто како и претходната. Сепак, тоа е помалку од предвидувањата на ММФ објавени во јули.

Финансиската институција ги намали прогнозите за 19-те земји кои го користат еврото, како и за Латинска Америка, Блискиот Исток и Субсахарска Африка.

ММФ очекува економијата на САД годинава да забележи раст од 2,9%, но да забави до раст од 2,5% следната година, поради намалувањето на ефектот од неодамнешните намалувања на даноците и трговската војна со Кина.

ММФ ја намали прогнозата за еврозоната до раст од два проценти, наместо очекуваните 2,2 отсто, поради трговските тензии со САД и загриженоста во врска со Брегзит. Финансиската институција го намали проектираниот раст по вторпат оваа година. Во април, ММФ очекуваше раст од 2,4% во еврозоната.

Прогнозата за Јужна Кореја е раст од 2,8% , наместо досегашните три проценти раст на БДП во четвртата светска економија.

Останато

На повикот “СтартАПувај“, финансиран од ФИТР и Светската банка се пријавиле 186 компании

Објавено

на

Во Фондот за иновации и технолошки развој беа презентирани првичните резултати по завршената административна проверка на пристигнати апликации на јавниот повик за инструментот „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт ап и спин оф – СтартАПувај“, финансиран од ФИТР и Светската банка. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Уапсени членови на меѓународна група која ограби сефови во две македонски банки

Објавено

на

Обвинителството за организиран криминал отвори истрага против седуммина осомничени за ограбување сефови во две македонски банки, објави Сакам да кажам. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ

Објавено

на

На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange