Останато
ММФ ги намали прогнозите за раст на САД и на глобално ниво поради неизвесноста со Ковид-19


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за глобалниот економски раст за 2021 година на 5,9 проценти, наведувајќи ја како причина „неизвесноста за тоа колку брзо може да се надмине пандемијата” на коронавирусот.
Во најновиот извештај Светски економски изгледи, ММФ ја намали за 0,1 процентни поени јулската проекција, делумно поради „напредните економии” погодени од нарушувања во синџирот на снабдување, што беа влошени од пандемијата во производствените центри во Азија во последните месеци.
Гита Гопинат, директорка за истражување на ММФ, рече дека „глобалното закрепнување продолжува, но моментумот е ослабен”.
ММФ соопшти дека очекува најголемата светска економија, САД, годинава да порасне за шест проценти, со што ќе избрише еден процентен поен од јулските прогнози, а Кина, втора по големина, за осум проценти.
Во Еврозоната ќе има раст од пет проценти, иако очекуваниот раст на Германија од 3,1 проценти, се очекува да заостане зад другите водечки земји-членки Франција и Италија, каде растот ќе биде најверојатно околу шест проценти.
Помалку развиените земји најверојатно ќе забележат намален раст поради, според ММФ, „големата поделба во вакцините” и „големите разлики во поддршката на политиката” за фискалните трошоци потребни за да се компензира влијанието на ограничувањата на пандемијата и да се рестартираат економиите.
Со многу повеќе луѓе вакцинирани во богатите нации отколку во други земји, Гопинат предупреди за „опасна дивергенција” во изгледите за раст меѓу напредните и економиите со помалите приходи.
Според ММФ, „агрегатниот аутпут” во напредните економии треба да се врати на својот „пред-пандемиски тренд во 2022 година и да го надмине за 0,9 проценти во 2024 година”.
Како и да е, пазарите во развој и економиите во развој се очекува до 2024 да се намалат за 5,5 проценти во однос на предвидувањата пред пандемијата, што ќе ги врати очекуваните „подобрувања на животниот стандард”.
Останато
Извозот во првите шест месеци зголемен за 20,2%, а увозот за 28,7 проценти


Вкупната вредност на извозот од земјава во периодот јануари – јуни 2022 година изнесува 4.097.486.000 евра и бележи раст од 20,2 проценти во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока е 5.974.699.000 евра што е зголемување за 28,7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. (more…)
Криптовалути
(ВИДЕО) Спојувањето на етериум може да ја поттикне цената на биткоинот нагоре!?


Популарниот крипто-аналитичар Бенџамин Кауен анализира како етериум може да ја поттикне цената на најпознатата криптовалута биткоинот нагоре. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје