НБРМ
ММФ: Висока транспарентност во работењето и доверба на јавноста во Народната банка

Народната банка применува напредни практики во однос на транспарентноста и ужива висока доверба од јавноста, благодарение на водењето на конзистентни политики кои овозможуваат макроекономска стабилност. Ова се наведува во Извештајот од мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), спроведена во рамки на Кодексот на транспарентноста, а објавен на 28 јануари 2022 година.
Народната банка е втора централна банка во светот, за којашто ММФ направи оцена на применуваните практики за транспарентноста, со предвидените принципи во рамки на ревидираниот Кодекс на транспарентноста на ММФ, донесен во јули 2020 година. Оваа оцена беше направена на иницијатива на Народната банка, со што се потврдува континуираната заложба на банката за унапредување на транспарентноста во работењето.
ММФ спроведе мисија во која детално ја испитуваше поставеноста на практиките и процесите кои овозможуваат транспарентност на Народната банка во однос на работењето, комуницирањето на политиките, активностите, резултатите, како и во поглед на деловните односи. Исто така, во рамки на мисијата, претставниците на Фондот спроведоа повеќе интервјуа со повеќе засегнати страни, како други државни институции, претставници на давателите на финансиските услуги и медиумите.
Согласно наодите од Мисијата на Фондот, од вкупно 90 принципи за транспарентност, за 42 принципи Народната банка применува посеопфатни практики од бараните, додека 32 принципи се во рамки на барањата на кодексот. Останатите принципи, како што констатираше Мисијата, не беа во опфат на оценката, имајќи предвид дека транспарентноста во делот за банкарско работење и пазарнаta инфраструктура се оценува со други стандарди, додека за принципите во однос на заштита на потрошувачите Народната банка сеуште нема законски мандат.
Високата усогласеност на практиките кои ги применува Народната банка со предвиденото во Кодексот, се значајна потврда за заложбите на Народната банка во изминатиот период за унапредување на комуникацијата, транспарентноста во работењето, а со тоа и кредибилитетот на институцијата во јавноста.
Комуникациите се високо во приоритетите на современото работење на централните банки, бидејќи колку полесно се сфатат одлуките на монетарната политика, толку ќе биде поголема ефикасноста и ефективноста на реализацијата на поставените цели. Оттаму Народната банка, согласно Стратегискиот план 2022-2024, како една од стратегиските цели го идентификуваше континуираното преземање активности за навремено информирање за одлуките, активностите, согледувањата и оцените на Народната банка, коишто се од значење за економските субјекти и граѓаните, вклучително и во процесите на носење одлуки. Во оваа насока се планира спроведување на Проект за унапредување на транспарентноста и достапните информации за функциите, активностите и работењето на Народната банка, согласно препораките од мисијата на ММФ, како и спроведување на анкетно истражување во однос на поставеноста на комуникациската стратегија на Народната банка и организирање работилници и куси средби со новинарите.
Целосниот Извештај од оцената на ММФ е достапен на интернет страната на ММФ (на следниот линк: Republic of North Macedonia: Central Bank Transparency Code Review (imf.org), како и на интернет страната на Народната банка.
НБРМ
Ангеловска-Бежоска на започнувањето на втората фаза од проектот со ИНФЕ-ОЕЦД и МФ на Холандија: Преку финансиска едукација до ползување на придобивките од финтек-секторот

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, на покана на министерката за финансии на Холандија и ОЕЦД, учествуваше на настан посветен на финансиската едукација. Средбата истовремено го означи и почетокот на втората фаза на проектот финансиран од холандското министерство за финансии и ИНФЕ-ОЕЦД, насочен кон поддршка на финансиската писменост и инклузија во регионот на ЦЈЕ. Средбата ја отвори потпретседателката на Владата на Холандија и министерка за финансии, Сигрид Кааг, со обраќање кон присутните. (more…)
НБРМ
Митреска на настан на ЕБОР за младите претприемачи: Посилната вклученост на младите во бизнисот го зголемува потенцијалот на економијата

„Народната банка особено ги цени, ги вреднува и ги поддржува иницијативите коишто ја поткрепуваат посилната вклученост на младите во целокупното општество. Спојувањето на финансиите и знаењето се важни за поттикнување на младите во бизнисот, искористувањето на нивниот потенцијал и потенцијалот на економијата во целина“, истакна вицегувернерката на Народната банка, Aна Митреска на настан во организација на Европската банка за обнова и развој, на кој се презентираа наоди од процената на пазарот спроведена во рамките на програмата на ЕБОР „Младите во бизнисот“. (more…)
НБРМ
Главната економистка на Народната банка: Финансиската писменост е потреба во современиот динамичен финансиски систем

„Со активностите предвидени во рамките на Деновите на финансиската писменост, Народната банка дава натамошен придонес исполнувајќи ја потребата за финансиска едукација во современиот динамичен финансиски систем. Сведоци сме на разновидна понуда на финансиски услуги, под различни услови, преку различни канали. Дигиталните финансиски услуги носат многу предности за корисниците, но наметнуваат потреба од дополнителни знаења и нѐ соочуваат со нови предизвици и ризици. Неопходно е постојано надградување на знаењата, не само во врска со тоа како да се користат финансиските услуги, туку и како да се заштитат правата на граѓаните како потрошувачи. Како што се менува финансискиот систем, така расте потребата од нови знаења за соодветно управување со личните финансии“, истакна главниот економист на Народната банка, Анета Крстевска при гостување во програмата на Македонското радио. Говорејќи за одбележувањето на Деновите на финансиската писменост, за што Народната банка предвиде онлајн предавања во следните три дена, Крстевска посочи: „Подигнувањето на нивото на финансиската писменост е една од стратегиските цели на Народната банка. Во рамките на овие денови, Народната банка, како општествено одговорна институција, нуди можност за стекнување и подобрување на знаењата на населението од оваа област.“
Во интервјуто, главната економистка на Народната банка посочи дека заложбите за подобрување на финансиската писменост се и одговор на потребите на населението, коешто во нашата земја, во согласност со спроведената анкета, остварува 56% од максимумот при оценувањето на трите компоненти коишто се составен дел од финансиската писменост: финансиско знаење, финансиско однесување и финансиски ставови. Овој показател е блиску до просекот за ЈИЕ (58%), но понизок во однос на напредните економии на ОЕЦД од 66%. Податоците се резултат на спроведената анкета на Меѓународната мрежа за финансиска едукација ИНФЕ при ОЕЦД во 2019 година со која се изврши мерење на финансиската писменост на населението во нашата земја во рамките на регионалниот проект за финансиска едукација поддржан од Министерството за финансии на Холандија и ИНФЕ-ОЕЦД.
Деновите на финансиската писменост се одбележуваат по седми пат. Годинава се предвидени обуки за повеќе теми коишто опфаќаат знаења за монетарната политика, за избор на кредит, за новините на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, за структурата на финансискиот систем и движењата во банкарскиот систем. Презентациите се наменети за сите заинтересирани граѓани, слушатели со основно и со понапредно ниво на знаења. Оваа година се предвидени и две наменски предавања за средношколците, во пресрет на нивниот интерес за финансиска едукација, како дополнение на досегашната можност што ја имаат училиштата за поднесување барање за предавање. Учеството во обуките се обезбедува преку електронско пријавување на секое заинтересирано лице. Повеќе информации за предвидените обука може да најдете на следнава врска.
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка