Connect with us

Останато

Млади, иновативни, инспиративни – аплицирајте за Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award 2018!

Објавено

на

Млади сте? Имате идеја за отворање свој бизнис преку креирање ново иновативно решение? Се грижите за општеството? Да? Тогаш аплицирајте ја вашата идеја заклучно со 8 мај 2018 година, вторник (на полноќ) за Наградата за социјално претприемништво „Social Impact Award 2018“! Конкурсот е отворен онлајн на веб-страницата socialimpactaward.mk.

Ако сакате да добиете корисни коментари и помош за пријавување на идејата, тогаш дојдете на 3 мај 2018, во „Јавна соба“ (Public Room) од 15:00 часот и запознајте го нашето стручно жири. На ваквиот настан, „Запознај го жиритo“, сите присутни ќе имаат можност да ги споделат своите идеи со членовите на жирито и да добијат конструктивни коментари за својата идеја, која потоа можат да ја пријават на Social Impact Award 2018.

Наградата за социјално претприемништво, која по четврти пат се доделува во Република Македонија, е најголемиот интернационален натпревар за студентите на тема претприемништво. Проектот е основан и инициран од Универзитетот за бизнис и економија во Виена и Impact Hub, а мисијата е да го промовира социјалното претприемништво меѓу студентите.

Во Македонија се смета дека 46,4 отсто од младите до 30 години се без работа. Од нив 23,76 отсто се со високо образование. Проектите како ваквиот натпревар за претприемништво, имаат за цел да ја поттикнат самоиницијативноста кај младите и да помогнат во ублажување на проблемот со невработеност во земјата.

По неговото завршување, се избираат најдобрите апликации што минуваат низ период на инкубација. Апликантите потоа добиваат менторски часови и инструкции како да ја доразвијат идејата, а во септември се одбираат четири победнички решенија/идеи. Три од победничките идеи добиваат финансиска поддршка, а за четвртата награда од заедницата е предвидена менторска поддршка како и сметководствени услуги.

Иницијатор на Наградата што се доделува четврта година по ред е Social Impact Lab во соработка со организацијата Младиинфо, Пакомак, Фонд за иновации и технолошки развој и Конто профит. Поддршката и годинава е обезбедена од Шпаркасе банка Македонија, која е верен соработник во мисијата за подобро општество.

Социјалното претприемништво сè уште е во зачеток кај нас, а целта на Social Impact Award е младите да отворат сопствени социјални бизниси, да останат мотивирани, да аплицираат на конкурсот, да се самовработат и најважно да направат нешто добро за општеството како целина. Многу е важно да се детектираат општествените предизвици и да се изнајдат соодветни самоодржливи бизнис-модели за нивно долгорочно решавање.

Целиот циклус завршува на почетокот на ноември кога победниците имаат можност да учествуваат на интернационалниот самит, кој годинава ќе се одржи во прекрасната Грузија. Таму победниците се запознаваат со други млади социјални претприемачи ширум светот, ги доразработуваат своите идеи, стекнуваат пријателства и разменуваат искуства.

Повеќе информации можете да добиете на веб-страницата socialimpactaward.mk.

Криптовалути

GDPR и Блокчејн: Дали новата регулатива за заштита на податоци на ЕУ е закана или поттик?

Објавено

на

Регулативата за заштита на општите податоци (GDPR), широка и строга правна рамка на Европската унија (ЕУ) за приватноста на личните податоци, стапи на сила на 25 мај. Подготвени или не, оваа рамка драстично ќе го трансформира бизнисот во било кој дигитален потфат. Меѓународната асоцијација на професионалци за приватност (IAPP) предвидува дека како резултат на тоа ќе бидат создадени најмалку 75.000 работни места за приватност и дека глобалните 500 компании од Fortune ќе потрошат близу 8 милијарди долари за да осигураат дека се во согласност со GDPR. Но, што значи ова за блокчејн? (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

3 причини зошто блокчејн технологијата се користи за заштита на податоците

Објавено

на

Лесно е да се изгубат од вид потенцијалните бенефиции и слабости на секоја нова технологија кога возбудата ќе достигне ниво на треска на начин што го има со блокчејн. Според истражувањето на пазарот на трансакции, глобалниот пазар на блокчејн технологии ќе чини 20 милијарди долари до крајот на 2024 година. Има огромен потенцијал да ги намали трошоците, особено за финансиските институции, поради што Гартнер сугерира дека додадената вредност на блокчејн ќе се зголеми на 176 милијарди долари до 2025 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Cashback World и РК Вардар ја продолжуваат успешната заедничка соработка

Објавено

на

Меѓународната куповна заедница – Cashback World и ракометниот клуб „Вардар“ продолжуваат со градењето на успешната приказна со повеќекратни придобивки за сите. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange