Connect with us

Странски банки

Младите банкари незадоволни од нехуманоста на „Goldman Sachs”

Објавено

на

Младите банкари во американската инвестициска банка „Goldman Sachs”, кои ја вршат својата работа околу една година, се заканија со отказ доколку, како што велат, нивните исцрпувачки и нехумани услови за работа значително не се подобрат.

Тие бараат 80 часа работа неделно, a не речиси 100 часа како досега. Интерно истражување меѓу 13 вработени покажало дека тие работеле во просек 95 часа неделно, во средината на февруари и спијат само по пет часа што е премалку.

Заради сето тоа, посочуваат тие, страдаат нивните односи со семејството, како и нивното ментално и физичко здравје.

Анализата покажала дека тие се подготвени да дадат отказ во рок од шест месеци доколку не се променат работите.

Ова истражување е редок увид во жестоко конкурентската работна култура на водечките фирми на Вол Стрит, каде што младите се натпреваруваат и се борат за подоцна добро платени работни места во кариерата.

Истражувањето, напишано на 11 страници, чии резултати стигнаа до социјалните мрежи во средата, го спроведе група американски аналитичари од првата година на работа во инвестициското банкарство.

„Недостаток на сон, начинот на кој постарите банкари се однесуваат кон нас, менталниот и физичкиот стрес. Поминав во згрижувачка куќа, но ова е, сигурен сум дека е полошо“, рече еден од испитаниците во истражувањето, за кое ВВС имаше увид.

„Ова е над нивото на вредност, ова е нехумано, злоупотреба“, рече друг.

Сите испитаници рекле дека работата негативно влијае на нивните односи со пријателите и семејството, додека 77 проценти рекле дека се жртви на вознемирување на работното место.

Пред да работат во компанијата, тие го оцениле своето ментално здравје на 8,8 од 10, а на физичкото девет од 10.

Сега, по една година помината во „Goldman Sachs”, тие го оценуваат своето ментално здравје на 2,8, додека нивното физичко здравје, како што велат, едвај заработило 2,3.

Скоро 83 проценти рекле дека искусиле „прекумерно надгледување или микро-управување“, додека 17 проценти изјавиле дека доживеале „викање или пцовки“.

Истражувањето препорачува работна недела од максимум 80 часа работа со бесплатна сабота или после 21 часот во петок.

„Во еден момент, не јадев, не се туширав и не правев ништо друго освен што работев од утро до полноќ“, вели еден аналитичар.

Резултатите од ова истражување беа презентирани пред раководството на Goldman sachs во февруари, а банката соопшти дека оттогаш презела чекори за решавање на „експлоатирањето на вработените меѓу оваа мала група и пошироките тимови“.

„Препознаваме дека вработените се многу зафатени, бидејќи бизнисот е силен, а обемот е на историско ниво“, изјави портпаролката на банката, Никол Шарп.

„Една година по избувнувањето на епидемијата Ковид -19, луѓето се разбирливо прилично исцрпени, затоа ги слушаме нивните проблеми и преземаме чекори за нивно решавање”, додаваат од банката.

Банката вели дека ги засилува напорите за воведување политика за „бесплатна сабота“ и најавува дека работат на автоматизирање на одредени задачи наменети за младите.

Странски банки

„Fitch” го намали кредитниот рејтинг на „Credit Suisse”

Објавено

на

„Credit Suisse” доби намалување на кредитниот рејтинг од реномираната компанија за кредитен рејтинг „Fitch”. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕИБ ќе обезбеди насочена поддршка за регионалните економии за справување со негативните ефекти од актуелната криза

Објавено

на

Во соработка со Народната банка на Северна Македонија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја коорганизираше 8. меѓународна истражувачка конференција на тема Јакнење во време на криза: улогата на политикитепо повод 30 години монетарна самостојност на државата. Настанот се занимаваше со актуелните предизвици несигурност што произлегува од прилагодувањата на политиките по пандемијата и политичкиот одговор потребен за справување со зголемените стокови и енергетски шокови предизвикани од војната во Украина. Тој ја илустрираше засилената соработка на ЕИБ со нејзините партнери во Северна Македонија и постојаната поддршка што банката ја дава за економската стабилност на земјата и процесот на интеграција во ЕУ повеќе од 40 години. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Објавено

на

Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина. (more…)

Продолжи со читање


Популарно