Connect with us

Останато

Младен Маркоски, најдобар финансиски директор за 2018 во Бугарија

Објавено

на

Секоја година во Бугарија се одржува престижното рангирање за најдобар финансиски директор од тековната година. ЕY Bulgaria – CFO of the Year е награда која секој финансиски директор во Бугарија посакува да ја добие.

Првото место оваа година го зема Младен Маркоски од Македонија, кој е финансиски директор на А1 мобилниот оператор. Како признание за постигнатите резултати и успеси, Младен Маркоски ја доби наградата во категоријата за „Севкупен придонес“ кој е најзначајната награда во рангирањето, бидејќи го одликува кандидатот кој има собрано највисок број поени во сите посебни категории – „Стратегија за развој на финансиската функција”, „Планирање и прогнозирање”, „Контрола и одговорност” и „Ликвидност и ризик”.

Маркоски е дипломиран економист на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ и магистрира бизнис администрација на Cotrugli Business School. Својата професионална кариера во светот на финансиите ја започнува во Македонија во 2002 година, а потоа ја продолжува во Бугарија каде што ги доживува своите најголеми успеси.

 

Останато

Во Солун Самит за перспективата и соработката на Западен Балкан

Објавено

на

Во организација на Федерацијата на индустрии од Северна Грција, денес и утре во Солун ќе се одржи третиот „Thessaloniki summit“, кој оваа година е под наслов „Европската перспектива, поврзаноста, индустрискиот развој и соработката на Западен Балкан“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Пад на вредноста на фунатата и акциите на Лондонската берза по серија оставки во Британската Влада

Објавено

на

Вредноста на фунтата утрово на Лондонската берза е намалена за повеќе од 1,0% во однос на доларот и еврото, а цените на акциите се намалуваат по информациите за оставки на британски министри поради нацрт-договорот за Брегзит. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Легард: Централните Банки треба да размислат за издавање дигитални валути

Објавено

на

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, рече дека централните банки ширум светот треба да размислат за издавање дигитална валута. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange