НБРМ
Митреска: Растот на депозитите продолжи со солидно темпо и во текот на корона-кризата

Растот на депозитите продолжи со солидно темпо и во текот на корона-кризата. Банкарскиот систем добро го помина тестот којшто го наметна кризата од пандемијата на ковид-19, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, на традиционалниот настан којшто го организира Македонската банкарска асоцијација (МБА), по повод Светскиот ден на штедењето.
„Депозитниот потенцијал се зголемува со релативно сoлиден интензитет од над 8% на годишна основа, со што динамиката на зголемување е многу слична на онаа од периодот 2018 ‒ 2019 година. Ваквата динамика ни од далеку не наликува на случувањата за време на глобалната финансиска криза кога за кусо време дојде до забавување на растот на депозитите сведувајќи се од околу 20% на околу 7% на годишно ниво“ – истакна вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска по повод Светскиот ден на штедењето.
Пандемијата на ковид-19, за разлика од други епизоди на криза, всушност придонесе за зголемување на штедењето и овој процес е глобален феномен. Во развиените земји, оценетиот вишок на заштеди во 2020 година изнесувал близу 7% од БДП, покажувајќи дека се штедело повеќе во пандемијата, отколку во нормални околности. Во регионот на Западен Балкан, стапките на домашно штедење забележаа благо намалување од околу 3 процентни поени од БДП, но во услови на силна фискална потрошувачка за поддршка на економиите. Ова значи дека штедењето на приватниот сектор, и покрај големата рецесија, многу веројатно е дека останало релативно стабилно или растело“, подвлече вицегувернерката Митреска.
„Трите причини коишто придонесоа за ваквиот феномен се стабилниот расположлив доход, делумно и заради фискалниот импулс за поддршка на платите и работните места, принудното намалување на потрошувачката на населението и мотивот на претпазливост од страна на штедачите“, посочи Митреска.
Во текот на пандемијата, се забележува и промена и во инвестициското однесување на населението. Поради ниските каматни стапки, релативно стабилниот расположлив доход, намалените можности и потреби за потрошувачка и промената во моделите на работа, се забележува зголемување и на побарувачката на недвижен имот и на цените на недвижностите на глобално ниво.
„За разлика од поголем број економски показатели, коишто колабираа во текот на пандемијата, цените на недвижностите бележат раст. Во земјите на ЕУ, во првата половина од оваа година, цените на недвижностите бележат просечен раст од близу 7%, наспроти растот од околу 4% во изминатите неколку години. Кај нас растот на цените е поумерен и изнесува околу 4,4% во текот на оваа година, но овој „пандемичен синдром“ треба внимателно да се следи“ ‒ заклучи вицегувернерката Митреска.
Осврнувајќи се кон иднината, вицегувернерката Митреска нагласи дека во сите земји, со растот на штедењето се зголемуваат изворите за финансирање на банките и нивниот капацитет за поддршка на економијата, особено во пунктовите коишто ќе треба да им одговорат на новите постпандемични барања и коишто ќе го зголемат потенцијалот за раст. Транзицијата кон зелена економија без сомнение е едно од прашањата коешто заради пандемијата се помести од маргините кон јадрото на приоритетите.
НБРМ
Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до надворешно финансирање. Ова беше дел од дискусијата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на тркалезната маса којашто ја водеше директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во рамките на конференцијата под наслов „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Конференцијата ја отвори директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, заедно со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ. (more…)
НБРМ
Гувернерката Ангеловска-Бежоска на конференција од висок профил во Хрватска во организација на ХНБ и ММФ

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествува на конференција во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржува од 2 до 3 јуни во Дубровник, Хрватска. Конференцијата насловена „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, е настан од висок профил, кој традиционално обединува гувернери, министри за финансии од регионот на ЦИЈЕ и високи претставници на меѓународни финансиски организации, а оваа година учество ќе земе и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева. (more…)
НБРМ
Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје