НБРМ
Митреска на состанокот на БИС: Соодветна монетарна и фискална комбинација на ЦИЈИЕ, како поддршка на процесот на стабилизирање на растот на цените

„Среднорочните фискални прогнози за земјите од Централнa, Источна и Југоисточна Европа упатуваат на фискална консолидација, што обезбедува поддршка на монетарната политика во напорите за намалување и стабилизирање на инфлацијата“, посочи вицегувернерката Ана Митреска, на 22. состанок за монетарната политика на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) за земјите од Централна и Источна Европа.
Според последните оцени, се очекува дека фискалната консолидација во регионот ќе биде заснована на намалување на расходите, со што ќе се придонесе за подобрување на фискалниот профил и натамошно намалување на притисоците врз цените. Во тековните услови, соодветната монетарна и фискална координација е исклучително важна, како поддршка на вкупната стабилност на економиите. Во глобални рамки, монетарната и фискалната комбинација засега се оценува како соодветна, имајќи предвид дека во 2022 година во 72% од земјите и двете политики се затегнуваат, што е соодветна поставеност при присуство на инфлациски притисоци и ризици.
„Во текот на пандемијата, буџетските дефицити и јавниот долг значително се зголемија, заради преземените мерки за поддршка на економската активност и заштита на ранливите групи. Оттогаш наваму, видливо е нивно намалување, но и понатаму се над претпандемичните нивоа“, нагласи Митреска. Во вакви услови, како што истакна, неопходна е посветеност на фокусирана и кредибилна консолидација, а со тоа намалување на нивоата на долгот и градење на фискалниот простор. Ова е особено важно во контекстот на позатегнати финансиски услови и надолни ризици за економскиот раст, за што е потребна претпазлива фискална политика којашто ќе го намали притисокот врз потребите за финансирање во земјите од овој регион и ќе го олесни нивниот пристап до меѓународните пазари.
На состанокот за монетарна политика на БИС за Централна и Источна Европа учествуваа претставници на централните банки од поширокиот регион, како и претставници од Банката за меѓународни порамнувања и Европската централна банка.
НБРМ
Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)
НБРМ
Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

„Без никакво сомневање, приоритетот на централните банки е стабилизирањето на инфлацијата, за што и натаму треба да се водат внимателни макроекономски политики“. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите во рамките на Самитот на гувернери на централни банки, министри на финансии и директори на даночни управи во регионот, под наслов „Финансиската и монетарната стабилност во регионот во услови на продолжени геополитички и економски кризи“, којшто се одржува во Црна Гора. (more…)
НБРМ
Бојчева-Терзијан од Народната банка: Растот на зелените финансии ‒ поддршка на енергетската транзиција на економијата

На бизнис-форумот „Економски перспективи за предвидлив развој“ во организација на агенцијата „Марили“ учествуваше директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика при Народната банка, Султанија Бојчева-Терзијан. Темите што беа обработувани на бизнис-форумот се однесуваа на одржливата економија, особено енергетските предизвици како нови можности во економијата, како и политиките и моделите за одржлив развој на земјоделството и прехранбената индустрија. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Странски банкипред 1 month
НЛБ ќе исплати дивиденда од 5,5 евра!