НБРМ
Митреска: Монетарната политика и натаму ќе биде олабавена, како поддршка во процесот на закрепнување на економијата и одржување на кредитниот циклус


Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, учествуваше на панел-дискусијата нa тема „Монетарната политика во 2021 година“, организирана од реномираната инвестициска банка „Вуд и компанија“. На панел-дискусијата се разговараше за прашања поврзани со последиците од корона-кризата врз економскиот раст во изминатата година и економските изгледи за оваа година, а особено се разгледаа досегашните монетарни мерки и очекувањата за монетарната поставеност во следниот период.
Во своето излагање, Митреска истакна дека имајќи ја предвид силината и исклучителноста на корона-кризата, македонската економија ја поминува релативно подобро во однос на дел од земјите во регионот.
„Со олабавувањето на мерките за спречување на ширењето на вирусот и повторното активирање на глобалните синџири на производство, падот на економијата во втората половина од годината значително забави. Со оглед на вклученоста во глобалните синџири на производство и со помалото учество на услугите во вкупните текови, економијата на кус рок полесно го издржа товарот на кризата.“ – посочи вицегувернерката.
Во однос на изгледите за оваа година, на панел-дискусијата беа посочени очекувањата за закрепнување, при глобални очекувања за подобра епидемиолошка состојба, задржување на поволните финансиски услови и натамошно зајакнување на довербата, што ќе има позитивни преносни ефекти и врз домашната економија.
„Слично како и другите централни банки, Народната банка во 2020 година обезбеди монетарен стимул и регулаторна флексибилност, со што ѝ даде важна поддршка на економијата преку олабавување на финансиските услови и обезбедување дополнителна ликвидност во банкарскиот систем.“ – истакна Митреска во поглед на прашањето за монетарната политика.
Во однос на идната монетарна поставеност, вицегувернерката посочи дека монетарната политика и натаму ќе биде олабавена како поддршка во процесот на закрепнување на економијата и одржување на кредитниот циклус, а во услови на комфорно ниво на девизните резерви. Притоа, таа истакна дека задржувањето на кредитниот циклус е одраз и на поволната ликвидносна и капитална позиција на банкарскиот систем, заради чиешто понатамошно дополнително зајакнување е и одлуката на Народната банка за привремено ограничување на распределувањето и исплатата на дивиденда на акционерите на банките.
НБРМ
Средба Ангеловска-Бежоска со претставникот на ЕИБ, Бјорн Габриел: Зелените финансии станаа потреба


Тековната криза е потсетник за потребата од постојано проактивно делување на полето на структурните реформи, како предуслов за поголема отпорност на економиите. Во овој контекст се и активностите за зајакнување на зеленото финансирање, односно поддршката на инвестициите во обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации. (more…)
НБРМ
Народна банка: Во мај годишен раст од 2,4% на вкупните депозити и 9,9% на вкупната кредитна поддршка


Во мај годинава вкупните депозити на годишна основа бележат раст од 2,4 проценти при зголемување на депозитите на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,9 проценти, како одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ). (more…)
НБРМ
Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите


Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 30 јуни 2022 година. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 21 јуни 2022 година (вторник). (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје