Connect with us

НБРМ

Митреска: Монетарната политика е еден од столбовите на закрепнувањето на економијата

Објавено

на

Mерките и политиките спроведени од страна на Народната банка, како и централните банки воопшто, ги дадоа посакуваните резултати во ублажувањето на ефектите од корона-кризата.

И покрај пандемијата, кредитната активност во земјава и натаму расте, a непречениот пристап до капитал на меѓународните пазари овозможи зајакнување на девизните резерви и финансирање на антикризните мерки, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во својата презентација на „Меѓународната економска летна школа“ – „Направи разлика: Научете како да го процените економското влијание на пандемијата од ковид-19“, организирана од Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Уште на самиот почеток на корона-кризата, централните банки, вклучително и Народната банка, ја олабавија монетарната политика, односно ја намалија каматната стапка и обезбедија дополнителна ликвидност за стимулирање на економската активност.

Покрај вообичаените инструменти за олабавување на монетарната политика, некои од централните банки на економиите во развој спроведоа и програми за зголемување на активата од државни и корпоративни хартии од вредност, посочи вицегувернерката Митреска.

Како што беше истакнато во презентацијата, спроведените политики ги дале посакуваните резултати. Пристапот до капитал за земјава и регионот е непречен, отворајќи простор за делување преку фискалната политика, додека кредитирањето во земјава и натаму расте и ја стимулира економската активност.

‒ Ефективноста на централните банки и поддршката којашто ја обезбедија беа едни од носечките столбови во економското закрепнување и ублажување на ефектите од кризата врз економијата.

 

Ако банкарскиот сектор беше еден од главните извори од каде што потекна светската финансиска криза, сега тој е еден од главните фактори за постпандемиско закрепнување ‒ посочи вицегувернерката Митреска.

 

Вицегувернерката истакна дека глобалната финансиска криза придонесла за преосмислување на глобалната финансиска регулаторна архитектура, со нови стандарди, алатки и практики за поголема претпазливост. Оттаму, банкарскиот сектор и во земјава и воопшто, ја дочека кризата стабилен и во добра форма, којашто дури и зајакна за време на пандемијата.

НБРМ

Средба со шефицата на Мисијата на ММФ: Повисоката инфлација најмногу ги одразува глобалните притисоци, за кои се очекува да се намалат во 2022 година

Објавено

на

ММФ, во своите проекции презентирани во Светскиот економски преглед, очекува дека инфлацијата во просек ќе достигне ниво од 3,1% во 2021 година и ќе се намали на околу 2,2% во 2022 година. Како што беше нагласено на средбата, тековните движења на цените во Северна Македонија се во согласност со глобалните случувања. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на самитот на „Економист“: Инвестирањето во дигиталната безбедност ќе биде еден од главните приоритети за банките

Објавено

на

Инвестирање во дигиталната безбедност е еден од приоритетите во периодот што претстои за банкарскиот и за финансискиот сектор. Ова се должи на новите навики коишто ги стекнаа потрошувачите за време на пандемијата ‒ сѐ почесто ползување на придобивките од дигиталните финансиски услуги. Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панелот „Приоритетите за секторот на финансиски услуги“, во рамките на Самитот на Западен Балкан, којшто се одржува во Скопје во организација на британскиот неделник „Економист“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска ‒ Брнз: Независност и професионалност на Народната банка за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност

Објавено

на

За зачувување на макроекономската и финансиската стабилност од суштинско значење се независноста и професионалноста на централната банка. На средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Кејт Мари Брнз, се зборуваше за придонесот на монетарните власти во одговорот на кризата предизвикана од ковид-19. Беше посочено дека мерките преземени од Народната банка суштински придонесоа за раздвижување на економската активност, како и за зачувување на финансиската стабилност за време на криза. (more…)

Продолжи со читање



Популарно