Интервјуа
Митреска за МИА: Народната банка не може и не смее да дозволи банка да работи спротивно на законската регулатива

Перцепцијата за банкарскиот систем и довербата во него е основата на којашто тој функционира. Оттаму, објективните и веродостојни информации се исклучително важни за зачувување на неговата стабилност. Ова го истакнува вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за МИА, осудувајќи ги шпекулациите, коишто, како што вели, беа пласирани во изминатите неколку недели.
„Секоја донесена одлука, независно дали станува збор за монетарниот инструментариум, девизните резерви или за супервизорските одлуки, вклучително и при донесување на одлуката за „Еуростандард банка“, одлучувањето не било и не може да биде дискреционо. Согласно со најдобрите меѓународни практики, професионални тимови подготвуваат целокупна аналитичка инфраструктура – информации, анализи и предлози за постапување, коишто се разгледуваат на повеќе нивоа во Народната банка, пред да се достават до највисокото раководство како предлог за одлучување”, вели Митреска, која е дел до тимот на Народната банка веќе две децении.
Во однос на пропаѓањето на „Еуростандард “, Митреска е децидна дека не е поврзано со ковид-кризата, односно дека е невозможно во олку кус период да доведе до несолвентност на банка и да биде пресуден фактор за нејзиното затворање.
„„Еуростандард банка“ подолго време наназад беше изложена на поголем кредитен ризик и слабости во работењето, поради што беше под засилен супервизорски надзор и беа изрекувани бројни супервизорски мерки во насока на санирање на состојбите во Банката. Всушност, токму заради објективноста и темелниот пристап на супервизорските тимови, овие слабости излегоа на површина во билансот на Банката”, посочува вицегувернерката.
Таа напоменува дека и покрај корективните мерки, капиталот на Банката паднал под законскиот минимум, а во таков случај единствено можно решение е барањето до сопствениците да ја исполнат својата законска обврска и да вложат дополнителни парични средства.
„Би сакала јавноста да има целосна слика и да знае дека ова не се средства коишто ѝ се потребни на Народната банка. Тие средства се слеваат во билансот на деловната банка и во овој случај беа неопходни за да се исполни законското минимално капитално барање за да може „Еуростандард банка“ да опстојува.”, вели Митреска.
Како што посочува таа, за жал, ниту од сопствениците, ниту од потенцијален инвеститор, не се обезбеди потребниот капитал за да се достигнат минималните законски барања, а со тоа и да се овозможат услови Банката понатаму да се регенерира, што секако за сите ќе беше најдоброто решение.
„Затоа и вложивме огромни напори. Секоја централна банка пред да посегне кон затворање на банка вложува напори да најде алтернативно решение. Во овој контекст, наспроти информациите коишто се појавуваат во јавноста, имавме и интензивна комуникација со потенцијалниот инвеститор на којшто му укажавме на неопходноста од дополнителни вложувања на капитал во Банката. Сепак, немаше подготвеност да се обезбедат потребните вложувања. Воедно, не беше доставена ниту севкупната документација којашто е неопходна за да се оцени дали тој ги исполнува законските услови за акционер на банка.“ – вели Митреска.
Во такви околности, како што истакнува вицегувернерката, немаше друго решение освен укинување на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“.
„Народната банка не може и не смее да дозволи банка да работи спротивно на законската регулатива.“ – посочува Митреска во интервјуто за МИА.
Вицегувернерката порачува дека банките се витален дел на секоја економија и дека нивните управувачки структури имаат многу поголема одговорност од раководните структури на нефинансиските институции, од едноставна причина што управуваат со средствата на своите депоненти. Корпоративното управување на банките треба да се темели на интегритет, професионалност и исклучителна одговорност при носењето на секоја одлука.
За МИА, Митреска истакнува дека високофреквентните дневни податоци со коишто располага Народната банка, за август, на месечна основа покажуваат одредено зголемување на вкупните депозити во банкарскиот систем. Воедно, како што посочува таа, и на девизниот пазар, не можеме да забележиме некои невообичаени тенденции што би упатувале на поголема склоност за располагање со девизи.
„Оттука, тековите се стабилни, и како што и очекувавме, укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ нема поголеми ефекти врз банкарскиот систем или врз однесувањето на депонентите.“ – оценува вицегувернерката.
Во интервјуто за МИА, Митреска се осврнува и на оцените и очекувањата на Народната банка за ефектите од ковид-кризата врз македонската економија. Притоа истакнува дека засега, економијата ја минува кризата главно во согласност со очекувањата на Народната банка.
Целото интервју на вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска можете да го погледнете на линкот.
Интервјуа
Чадиковски за АЕТМ: Комерцијална банка докажа дека е пионер во воведувањето напредни и клучни дигитални решенија

Комерцијална банка континуирано развива нови и современи решенија, генерално базирани на нови технологии, со цел да излезе во пресрет на новите потреби и навики на клиентите. Можноста за верификација на дигиталниот идентитет, надополнета со можноста за електронски потпис е клучна пресвртница за целосна трансформација на дигитализацијата во нашата земја, вели во интервју за АЕТМ, Киро Чадиковски, Директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка. (more…)
Интервјуа
Очекувања 2023 година | САНЕЛ КУСТУРИЦА, ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)
Интервјуа
Очекувања 2023 година | СТЕВЧЕ КУЗМАНОВСКИ, ПРОКРЕДИТ БАНКА АД СКОПЈЕ

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.
Од соговорниците побаравме да направат кратка ретроспектива на изминатата 2022 година, да ги споделат своите очекувања околу новите трендови во банкарскиот сектор во 2023 година, да дадат свој коментар на движењето на каматите на активата и пасивата, да ги истакнат предизвиците со кои ќе се соочи банкарскиот сектор по имплементацијата на новиот Закон за платежни услуги и платни системи и да откријат еден новитет кој банката ќе го воведе во тековната година. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје