Connect with us

Странски банки

Министрите сакаат да ја запрат продажбата на АБанка и Нова Љубљанска Банка

Објавено

на

Словенските министри за економија и финансии, Здравко Почивалшек и Андреј Бертонцељ ќе побараат од комесарот за европска конкуренција, Маргрете Вестагер, да направи нови отстапки во однос на повлекување на словенечката држава од сопственичкиот удел во банките.

Како што е познато, државата треба да крајот на годината да продаде уште 10 проценти од акциите во Нова Љубљанска Банка, а до крајот на јуни треба да ја продаде АБанка во целост. Процесот на продажба на АБанка е во тек, останува уште еден месец за доставување на обврзувачки понуди.

Аналитичарот Карел Липник смета дека државата од АБанка може да заработи нешто повеќе од 560 милиони евра, колку што изнесува вредноста на нејзиниот капитал во моментов.

Процесот на продажба го спроведува француската банка БНП Парибас. Банката ќе биде продадена на инвеститорот кој нуди највисока цена.

Од претходно е познато дека како најзаинтересирани купувачи се јавија ОТП Банка, Фондот Аполо и неколку други регионални банки кои се заинтересирани за преземање на словенската АБанка.

Странски банки

Светски банки дозволувале трансфер на валкани пари

Објавено

на

Некои од најголемите банки во светот им дозволиле на криминалци да префрлаат валкани пари во износ од околу две милијарди долари, покажуваат документи што протекоа во јавност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Во Шведска исчезнува плаќањето во готово, дури и џепарлакот на децата им го уплатуваат на картичка

Објавено

на

Монетите и банкнотите веќе долго време не се омилено платежно средство во Шведска, а кризата предизвикана од коронавирусот само го засили трендот на безготовинско плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Преполовена добивката на хрватските банки

Објавено

на

Банките во Хрватска остварија бруто добивка од 1,98 милијарди куни во првата половина на оваа година, што е речиси за половина помалку отколку во истиот период од минатата година, покажуваат податоците на Хрватската народна банка (ХНБ). (more…)

Продолжи со читање

Популарно