Connect with us

Останато

Министрите за финансии на Г-20 поделени во ставот за руската инвазија на Украина

Објавено

на

Министрите за финансии на 20-те најголеми светски економии (Г-20) на дводневната средба во Бали – Индонезија постигнаа силен консензус за прашања како што е глобалната безбедност на храната, но беа поделени во ставот за руската инвазија на Украина.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен рече дека поради разликите во ставовите, министрите за финансии и гувернерите на централните банки не дадоа конечна изјава, но се согласија дека мора да дејствуваат поради влошувањето на безбедноста на храната.

Остри санкции

Западните земји воведоа остри санкции кон Русија, која ја обвинуваат дека извршила воени злосторства во Украина, што Москва тоа го негира. Другите членки на Г-20, вклучувајќи ги Кина, Индија и Јужна Африка, беа воздржани.

„Ова се предизвикувачки времиња затоа што Русија е членка на Г-20 и поинаку ја карактеризира војната во Украина” – изјави Јелен.

Високите западни функционери, меѓу нив Јелен и нејзината канадска колешка Кристија Фриланд, во петокот ја осудија војната и ги обвинија руските власти за големите економски тешкотии во светот кои се последиците од таа војна.

Гувернерот на Индонезиската централна банка, Пери Варџијо ги повика земјите-членки да се фокусираат на целите за глобално економско закрепнување. Аналитичарите велат дека неуспехот на министрите за финансии на Г-20 да постигнат договор за текстот на финалната декларација е одраз на слабост на некогашната високо влијателна група.

Без резултати

„Ние сме без лидерство во економскиот свет со Г-20 парализирана од војната на Путин и Г7 неспособни да го преземат водството во управувањето со јавните добра”, изјави Кевин Галагер, раководител на Центарот за политика за глобален развој во Бостонскиот универзитетски центар.

Индонезискиот домаќин, министерот за финансии Шри Мулјани, кој претседаваше со дводневниот состанок, изрази надеж дека делегациите ќе постигнат заеднички став за зголемените цени на суровините, растечката криза поради несигурност со храната и неможноста на земјите со ниски приходи да отплатат долг.

Г-20 се обединија на почетокот на пандемијата на коронавирус, но иницијативите за усвојување мерки за ублажување на шокот за високо задолжените земји не дадоа резултати.

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ќе се издава граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

Објавено

на

Министерството за финансии планира во јуни да издаде граѓанска обврзница со рок од две години и со примамлива камата. Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, новиот финансиски инструмент ќе им овозможи на граѓаните да купат обврзница од минимум 10.000 денари, а со цел развој на финансикиот пазар. (more…)

Продолжи со читање

Популарно