Connect with us

Останато

Министерството за финансии почна со конкректна реализација на заедничките препораки од Економско – финансискиот дијалог со ЕУ поврзан со ПЕР

Објавено

на

Министерството за финансии ги започна активностите за реализација на заедничките заклучоци од Економско – финансискиот дијалог со Европската Унија поврзан со Програмата за економски реформи. Главните препораки од дијалогот се усвоени на 12-ти овој месец и се насочени кон континуиран одговор со фискални, економски и социјални политики за ублажување на последиците од пандемијата и поттикнување на закрепнувањето на среден рок.

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска одржал состанок со надлежните министерства, агенции, фондови, вклучени во овој процес, со кои разговарал за конкретни активности кои ќе се преземат во наредниот период во насока на реализација на приоритетитите од овој најважен стратрешки документ во економскиот дијалог со ЕК и државите членки на ЕУ.

„Република Северна Македонија од Европската комисија беше оценета со највисок резултат од 61,1 процент реализирани заеднички заклучоци усвоени во мај 2020 година во споредба со другите земји од Западен Балкан”, наведоа во соопштението од Министерството за финансии.

Од МФ посочија дека заклучоците се состојат од заеднички усвоени препораки со цел да им помогнат на земјите опфатени со проширувањето на ЕУ да го зајакнат економскиот и социјалниот развој.

„Шесте заклучоци се фокусираат на континуиран одговор со фискални, економски и социјални политики за ублажување на последиците од пандемијата и за поттикнување закрепнување на среден рок. Во сферата на макрофискалните политики, препораките се да има таргетирани привремени мерки за поддршка на ранливи домаќинства и бизниси, проследени со постепена фискална консолидација додека во сферата на структурните реформи, насоките се фокусираат на натамошно зајакнување на бизнис-климата, зајакнување на средното стручно образование и обуката, и на поголем пристап на невработените лица до активните политики на пазарот на трудот”, соопштија од МФ.

Од Министерството истакнаа дека документот се изработува секоја година и претставува подготовка за учество во процесот на економски и фискален надзор на државите членки на ЕУ со цел спроведување на клучните реформски процеси во земјава, коишто ќе го интензивираат дијалогот со Европската Унија.

„Со ова започнува подготовките за Програмата на економски реформи 2022-2024 година”, стои во соопштението од МФ.

Останато

Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти

Објавено

на

Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари

Објавено

на

И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЗА НИВ НЕМА КРИЗА – Словенечкиот БДП скокна за 8,2 проценти во вториот квартал

Објавено

на

Според податоците на Националното биро за статистика на Словенија (Сурс) обемот на бруто домашниот производ на Словенија во вториот квартал од годинава се зголеми за 8,2 проценти на годишна основа. (more…)

Продолжи со читање


Популарно