Останато
Министерството за финансии очекува сериозен пад на економијата од 15 проценти во вториот квартал од годинава


Министерката за финансии, Нина Ангеловска предвидува сериозен пад од 15 проценти на бруто-домашниот производ на земјата во вториот квартал од годинава. Според Ангеловска, пикот од корона кризата се очекува токму овој квартал, кога ефектите ќе се почувствуваат најсилно.
Таа на вчерашната прес конференција рече дека Министерството за финансии направило прогноза за економската активност и се очекува првиот квартал да биде позитивен, иако корона кризата тогаш веќе стигна во Македонија и ја стресе економијата уште во март. Според податоците, првите два месеца од годината биле солидни, вели министерката и затоа очекува позитивни економски резултати во првиот квартал.
Вториот квартал ќе биде најтежок за македонската економија, но се очекува во наредните месеци економијата пополека да закрепнува и да се стабилизира.
ММФ проектираше пад на БДП во земјава од 4 проценти, додека Светска банка прогнозира намалување на економската активност во земјава за 0,4 проценти.
„Предвидуваме во вториот квартал најголема контракција на економијата со износ од околу 15%. Понатаму веќе одредено подобрување, благо опоравување во третиот квартал и позитивен раст во четвртиот квартал. Оваа криза никако не може да се споредува по нејзината природа, на пример, со глобалната финансиска криза од пред една деката, па од тука можеби е и добра веста што се очекува многу побрзо би можело да се случи обновувањето, па затоа и проекциите се за раст во 2021 година.“ – изјави Нина Ангеловска, министерка за финансии.
Останато
Професии со кои можете лесно да дојдете до вработување во 2021 година


Кога станува збор за пазарот на трудот, информатичарите, градежните инженери и економистите, можат најлесно да се вработат. (more…)
Останато
Никола Рибароски избран за претседател на Комората на друштва за геодетски работи


На редовно годишно собрание, делегатите го избраа Никола Рибароски за претседател на Комората на друштва за геодетски работи. По изборот тој истакна дека ќе ги застапува заедничките интереси на членовите на Комората институциите на национално и интернационално ниво, ќе ги чува угледот, честа и правата на членовите и вработените овластени геодети, и ќе се грижи дејност да ја вршат во согласност со матичниот Закон. (more…)
Останато
Комората на сметководители бара пролонгирање на роковите за поднесување на годишните и финансиските извештаи


Пролонгирање на роковите за поднесување на годишни сметки и финансиски извештаи преку законски измени на Законот за трговски друштва со цел подобрување на квалитетот на финансиското известување да бидат дел од економските мерки за петтиот пакет, бара Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори на Македонија. Според роковите утврдени во Законот за трговски друштва Годишната сметка се доставува до Централниот регистар до крајот на месец февруари наредната година, во хартиена форма или до 15 март во писмена форма. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!