Connect with us

Останато

Министерот за финансии Фатмир Бесими оствари средба со Директорката на УЈП Сања Лукаревска

Објавено

на

Министерот за финансии Фатмир Бесими, денес со својот тим ја посети Управата за јавни приходи.

На средбата со Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, тие направија осврт за изминатата година, анализирајќи ги реализираните проекти и утврдија активности за тековната 2022 година.

Приоритети и цели на двете институции во периодот што следи ќе бидат:

Стратегијата за реформа на даночниот систем која се однесува на поголема праведност во оданочувањето, поголема ефикасност и ефективност на даночниот систем за подобра наплата на приходите, зголемена даночна транспарентност, подобар квалитет на услугите и

– намалување на неформалната економија преку Акцискиот план за сузбивање на сивата економија 2021-2022, каде имаме еден посеопфатен пристап со повеќе мерки и вклученост на повеќе институции.

Бесими и Лукаревска, заедно со нивните тимови, се согласија дека соработката помеѓу МФ и УЈП е на одлично ниво, станува збор за интензивна соработка која во иднина ќе продолжи да се унапредува.

Останато

Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години

Објавено

на

Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија

Објавено

на

Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно