Останато
Министерот Бесими на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон



Влијанието нa конфликтот во Украина врз економијата во глобални рамки, како и ценовната и енергетската криза ќе бидат главните теми на кои ќе се разговара на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, што оваа недела се одржуваат во Вашингтон, а на кои ќе учествува делегација од државата предводена од министерот за финансии Фатмир Бесими и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.
Во рамки на Годишните средби во Вашингтон, како што соопшти Министерстото за финансии, Бесими ќе оствари повеќе состаноци со високи претставници од овие меѓународни финансиски институции, меѓу кои со извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс, шефот на Мисијата на ММФ за земјава, Бергјот Бјорнсон Баркбу, регионалниот претставник за Западен Балкан, Штефани Ебле и директорот на Одделот за Европа на ММФ, Алфред Камер, како и со извршниот директор на Светска банка, Кун Давидсе, потпретседателот на Светска банка, Ана Бјерде, регионалниот директор за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер и директорот на Светска банка, за земјава, Масимилијано Паолучи.
За време на престојот во Вашингтон, министерот Бесими ќе се сретне и со американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар, а ќе има состаноци со претставници на Трезорот на САД.
Министерот за финансии на средбите ќе ги истакне клучните среднорочни приоритети на Владата насочени кон остварување одржлив раст и реформите што се преземаат во таа насока, но и краткорочните, кои произлегоа од актуелната ценовна и енергетска криза, засилена со конфликтот во Украина и евентуалните потреби за поддршка.
Приоритетите на земјава годинава се насочени првенствено кон обезбедување ценовна стабилност со цел одржување макроекономска и финансиска стабилност. За оваа цел беше донесен сет од 26 мерки во вкупна вредност од 400 милиони евра насочени кон поддршка на животниот стандард на населението, ликвидност на компаниите и финансиска поддршка на компаниите преку Развојна банка. Иако, кризата наметна краткорочно потребите да се насочат на одговор на ценовната и енергетската криза, на среден и долг рок останува определбата за фискална консолидација, во насока на намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, како и остварување стапки на економски раст, кои поради кризата претрпуваат надолна ревизија, но важно е дека остануваат позитивни. Во вакви кризи од големо значење се темелни анализи и да се дизајнираат мерки што ќе одговорат на тоа што е итно и структурни реформи на среден рок со цел во иднина да се обезбеди постабилен раст на економијата и да се создаде механизам што ќе овозможи полесно надминување на евентуално нови кризи кои бараат одговор во краток рок.
Овогодинешните средби, првпат по две години се одржуваат со физичко присуство, односно во хибриден формат, и на едно место ќе бидат присутни министри за финансии, гувернери на централни банки, претставници на бизнисот, невладиниот сектор и експерти кои ќе дебатираат на актуелни прашања што се од интерес за целиот свет, предизвиците со кои се соочува и можностите за нивно надминување, стои во соопштението од Министерството за финасии.
Останато
СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст


Природните непогоди поврзани со климатски промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени во просек, додека кај помалку развиените економии и до 0,7 процентни поени, покажуваат пресметките на Меѓународниот монетарен фонд. Проценките се дека во претстојниот период негативниот ефект ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, што укажува дека од особено значење е да се имаат предвид климатските промени при креирањето на идни економски политики. (more…)
Останато
Бесими: Ребалансот е одговор на кризата, предвидува кратења, но и додавања



Ребалансот е одговор на кризата која не можеше да се предвиди во перидот кога се подготвуваше Буџетот за 2022 и во него, освен кратења, има и додавања, но и реприоретизирање на средствата, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)
Криптовалути
Кристин Лагард: Криптовалутите се безвредни, тие не се засноваат на ништо!


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард верува дека криптовалутите не вредат ништо, дека се целосно безвредни. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје