Connect with us

Останато

Министерката за финансии Џенет Јелен: САД не ја губи контролата над инфлацијата

Објавено

на

САД не ја губат контролата над инфлацијата, изјави американската министерка за финансии Џенет Јелен и посочи дека очекува инфлацијата да се врати на нормално ниво до втората половина на следната година, пренесува Танјуг, повикувајќи се на „Гласот на Америка”.

Таа изјави дека средствата, чија распределба е предвидена со плановите на претседателот Џо Бајден, за инвестиции во инфраструктурата и социјалните трошоци, ќе бидат распределени во следните 10 години, но не прецизираше дали тоа ќе ја влоши инфлацијата.

„Стапката на инфлација ќе остане висока следната година поради она што веќе се случи. Сепак, очекувам подобрување до средината или крајот на следната година – втората половина на следната година“, изјави Јелен.

Проблемите во синџирот на снабдување ги оптоваруваат САД и другите земји, додека побарувачката нагло расте поради отворањето на економиите.

Министерката Јелен очекува да се надминат доцнењата во снабдувањето со напредокот во борбата против пандемијата.

„Американците ќе ја вратат работната сила со подобрување на условите“, рече таа.

Федералните резерви (ФЕД) вети дека ќе ја задржи основната каматна стапка на сегашното ниво, кое е блиску до нула, додека пазарот на трудот целосно не закрепне и додека инфлацијата не ја достигне поставената цел од два проценти и остане над тоа ниво некои време.

Криптовалути

Со појавата на новиот сој ОМИКРОН, крипто токенот „Омикрон“ ја зголеми вредноста за над 900%

Објавено

на

Се ближи крајот на 2021 година и веќе сè е токенизирано, односно криптовалутите се веќе секојдневие. Но, по големиот раст од неодамна, крипто пазарите и генерално криптовалутите паднаа минатата недела по веста за новата варијанта на коронавирусот Омикрон. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Колку изнесува К15 за оваа година?

Објавено

на

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Почна исплатата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Од денеска започна исплатата на ноемвриските пензии кои ќе се исплаќаат етапно со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање


Популарно